пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Новата колумна на Кикифрики ја разбирам како знак дека мртвиот може да стане од гробот, да сере и да се врати. И олеснат да потоне во длабок сон. Прашање на денот е кога ќе влезе во химната кај што сите славни јунаци стануваат од гробовите, серат и го оставаат својот смрдеж како култура во која Македонците се размножуваат. Не е жив, сакам да кажам, само се празни, но, не се секирајте, тоа не е лош знак, напротив, тој им се објавува на неверните томчиња како сателит кој е на пат кон химничната орбита на говнестиот македонизам.
Тој македонизам, таа форма на националното просерување, таа плачипичност, таа патетика, тоа нарикачење, тој мазохизам на жртвата како смисла на постоењето, тоа се, драги мои, најголемите опасности и најголемите непријатели на македонството како идеја и како национална и државна реализација.
Примитивниот македонизам на Кикифрики и на левите нарикачи и глупаци и вулгарниот македонизам на Жмицко и на другите бандитски еделвајси од Пирин планините и тука и во Бугарија и во остатокот на светот, тоа е јажето на кое Македонецот се беси на самиот себе како на старински лустер кој нема друга функција. Лустер кој струјата ја смета за ѓаволска работа од која Македонецот треба да се чува. Во тие констелации Македонецот се однесува како тежок банатски коњ кој сака да се натпреварува во стиплчез трките во Довал.
Хахаха!
И сега, драги мои, таа гротескност, добива нова драматична грота во фактот дека Кикифрики не е ниту банатски коњ.
Гомбрович викаше за Полјанците: Свиња свињи дупе слини!
Кикифрики е македонистичка свиња која на другите македонистички свињи дупето им го слини.
На Милчин, да речеме.
Или на Жмицко.
А, можеби и тие нему дупето му го слинат.
Можеби се менуваат, како во вицот.
Не е битно тоа, битен е феноменот на тоа самозадоволување во кочината, во калта и во смрдеата.
И во дупето и дупешкиот секрет како оргазмички лубриканти.
Ѕидовите на нивните апартмани се урнати и светот тоа може да го посматра како тешка перверзија на животот во една провинција која на ју тјуб може да заврши со сто милијарди клика.
Да, јас сум принц (ја прифаќам оваа убава титула) на антимакедонизмот, ако македонизмот е тој мрсул што Кикифрики и сите други сирачиња на духот си го лижат, па си го усисуваат во носот да не би некој да им го земе, па пак го пуштаат и лижат.
Да сумираме: Јас сум против Македонија, против македонската нација и против македонството како зелен мрсул што и капнал на Историјата кога таа била болна (Брехт).
Тоа е така во принцип.
Во однос на тековните позиционирања, Кикифрики и другите свињи на македонизмот се одговорни за критичното слабеење на општествената конзистенција и кохезија, на минимумот критериуми околу кои е можно едно општество, држава и нација, тие се лизгачки старт во кој на Македонија и се скинати лигаментите, во дуелот против Заев, тие ја ебаа државата и општеството повеќе отколку сите други внатрешни и светски непријатели заедно.
Мојата идеја да избришеме некои мувски говна од прозорецот кон светлата иднина, како што се зборовите идентитет, македонски народ, мојот народ, славната историја, автентичната историја и сличните празни форми за манипулација со широките народни маси и на глупците со самите себе, може да ги протолкува како цензорски и антимакедонски изблик само свиња која на свињите од својата кочина дупето им го слини.
Фајнали: Кикифрики признава дека е време да се пристапи кон рехабилитација на медиумскиот простор и на медиумите само не под цензорските критериуми на Тричковски.
Обаче, што?
Новинарите или тие што мислат дека се новинари или ги викаат новинари се како репрезентација во биатлон на првенството во ватерполо.
Малку е да се каже дека се лоши, тие не се во својата дисциплина. Здруженијата и другите структури на овие што го згрешиле првенството, се во уште поголемо промашување. Сите се на нивото на појавностите кое се драматично различни од македонската стварност. Сите се кикифрикистички однесуваат кон “националните интереси” и тоа е најголемиот проблем. Тие се во балон со кој патуваат у курац, по истиот коридор по кој ја насочуваат и целата држава.
Идејата на Македонската академија да организира расправа за Преспанскиот договор како дестабилизирачки фактор, е иста со идејата на истата институција за внатрешна поделба на територии и размена на население од пред, не знам колку, дваесет години, Ефремов, Ристески, рахметли Старделов, се сеќавате не.
Имате една партија која со сите сили работи на растурање на државата, независно од тоа кој во идејна смисла тие ориентации ги раководи, секој ден, во собранието, на улица, на телевизија, на фејсбук, но центарот на вниманието на Кикифрики, на Милчи, на Софи, на Ајвор, енд адерс, е Заев. Мислам, океј е идејата дека во уривањето на Заев тие се гледаат себе си на тронот, океј е и идејата дека така може да се дојде до нешто подобро, но не можам да разберам како не разбираат дека го нема тој кур трон на кој ќе се качат и, во оваа констелација, контекстот.
Контекстот на внатрешната борба не е зададен, уште помалку е вечен. Македонија не е фикс на тикетот на нашите прогнози и кладби. Односно ако е тоа е голема грешка на која може да се загуби се.
Ова е помалку одбрана на Заев отколку одбрана на шансите да постоиме, драги луѓе, за тоа се работи. Ние, се разбира, можеме да постоиме без Заев, глупаво би било да не е така, но пред битката за него или против него ние мораме да ја имаме перспективата.
Ако не, тогаш ништо.
Ми се допаѓа паролата на „Пешчаник“.
Само во еден елемент од последното обраќање на мртвиот говњар успеав да пронајдам елементи дека човекот кој бил садист додека бил жив, не се претворил во тотален мазохист како умрен: се залага за реформирање на режимот. Не како до вчера – да се бутне по секоја цена. Да, мислам дека треба да се реформира, да престане да ги чува свињите кои дупето си го слинат туку да им ги затвори кочините. Добро, не би бил за тоа Кикифрики да го (от)фрлиме скроз, има во него убави шваргли и, особено, јазик во чамо софт.
Во очекување на бунтот што против мене го најавува, срдечно му порачувам: Кики, ај лав ју!
За цензорството те упатувам на прогонот на Тричковски од јавниот простор. Прашај си ја свињата пред тебе. И ќути.
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.