ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Тенкју Кикифрики, претенкју…

January 18, 2021 20:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ ТРАЈКОВСКИ

Тричко го разбира светот слично како Делчев. Свет без вмрони, полн со спорт, култура, секс видео ленти и други видови уметнички заебанции, без биртијски патриоти кои кубат влакна од г’зот за да ги залепат на груди, покажувајќи колку се рунтави Македонци кои само корења обезбедуваат за следбениците и ништо друго. Гоце го убија вмрони, Тричко ги “убива“ вмроните. И тебе и таквите ко тебе, бе, Кикифрики…

Ако ти не можеш да ги декодираш “убиствата на вмроните“ преку нивните “егзамплари“ во денешново ДПМНЕ, за кои Тричковски пишува без скрупула и пардон, на едикоиси други вмронски јебиветри, малку им е животот за да го разберат. Тричко ги “убива“ таквите. Тричко ја замислува Македонија без нив, затоа што само тогаш ова парче земја може да има иднина и перспектива. Со таквите, и ваквите самопрогласени новинарски бардови ко тебе, иднината е стоење во место и живот во минатото, без зрак иднина, злоупотребувајќи ги сите оние кои се засладуваат со сладоледи во Жена парк, се хранат со суви сендвичи на Камени, се појат со брља на митинзи, постојано попрскувајќи ги со идејата за најлажниот патриотизам, демек: “Името не го даваме, јазикот ич, идентитетот никако, историјата е само наша“, а г’зовите ги парчосават за патни трошоци, пизда ли им лепа материна…

За тебе Кикифрики, и за таквите ко тебе кои висите врз амбисот на вмровизмот и во Тричковски гледате смрт, чемер и јад, еве, уште еднаш…

Зошто Тричко…?

Не, не ти ги дешифрирам неговите секојдневни писанија со кои, ете, преку статусите на ФБ, преку неговите бесценети колумни, збирки, книги, есеи, ја “убива“ Македонија преку убиството на вморните, на чипираните идиоти, за да ја спаси Македонија. Ниту сакам да се обидам да ги дешифрирам неговите метафори. Зошто? Затоа што за носителите на натпросечниот коефициент на интелигенција, побогато, попиторексно и поразбирливо нешто не можат да прочитаат односно да разберат. Ќе го прожектирам во една 3Д кусометражна димензија, и ТАДЕО озвучување, на мој начин, па можеби ќе разбереш, бе, Кикифрики, новинарска тутурутко за 5 банки семки:

Тричко ќе биде запишан во аналите на современата македонска историја како младичот кој мамето мамино им го испоеба на каубојците (во домашнава верзија патриотите) за да ги спаси индијанците, (чипираните), докажувајќи дека тие се домородци во државава, дека тие корени никој не може да им ги откорне колку и да ги нарекуваат со погрдни имиња, дека тие се вистинските Американци, односно Македонци. Се бори на совршен начин, во само нему својствен стил и нарација против македонската историја преполна со лажни патриоти, каобожемски борци за Македонија, секојдневно убивајќи ја таквата Македонија и народите во неа. За да го спаси попрсканото мкд пучанско ткиво, кое, и ден денес под лажните лавовски шепи на ВМРО-ДПМНЕ, верува дека повиците на неговите лидери: “Македоња цела дае вечна дае“, “Солун е наш“ и слични, значат исто како и бомбите под пазувите на солунските атентатори, на Питу и неговите борци на Мечкин…

Извикувајте “За Македонија“, додека ве има, војводите од терасите на белите криминални дворови нема да престанат да се занесуваат во општата македонска пљачка, дивеење и раскалашеност, предводени од група дрчни политички неранимајковци, копиљаци жедни за пари и земја од мајка им Македонија, прогласувајќи се за војвовди. Вие чипирани, гинете, ставајте бомби под пазуви, напаѓајте политички неистомисленици, убивајте, кркајте сендвичи на митинзи, викајте Македонија, затоа што и реално ништо друго нема да ви остават…

Тричко ги “убива“ нив, ја “убива“ таквата помисла за Македонија, таквата историја, таквите Македонци, затоа што додека тие ги држат чипираните под контрола, имаат шанса да продолжат со пустошење на Татковината, додека, овие, после секоја трета, и понатаму ќе продолжат да трескаат по масите на македонските биртии извикувајќи: “Никогаш Северна, само Македонија!“, ќе си ја полнат душата со најлажниот патриотизам со испразнети џебови без иднина…

Посакувам Монструмот да живее се’ додека не го ресетира и последниот, односно изолира, во ова сеуште бројно мкд пучанско ткиво. И на крај, Кикифрики…

Ако ги споредиме заканите кои тој ги добива, ако ги земеме и фактите дека претрпи и материјални штети од “атентаторите“ на забеганите, тогаш можеш ли да замислиш дека кој било друг негов колега, ќе ја продолжеше битката уште пожестоко и потранспарентно, без притоа да цмиздри во јавноста дека некој постојано го следи, дека некој постојано го напаѓа, дека некој постојано нешто му мести, како ти например? Не. Кога ти, Кикифрики би се соочил со делче од оноа со што Тричко се соочува во тој дел од транзицисково живеење, под притисокот на реалната “параноја“ и тешка депресија, ќе те најдеа комшиите виснат на некоја гранка под брезите на Матка, со измочано проштално писмо под нозете со наслов “До другарчињата на Заев”…

Тричко ја гледа Македонија исчистена од лажни патриоти, Македонија деблокирана самата од себе, без поединци и структруи кои се колнат врз камата и нагантот со “Слобода или смрт“, а во меѓувреме ја пустошат, ја силуваат, ја пљачкосуваат, за никогаш да не биде слободна, самостојна, независна и членка на НАТО и ЕУ. Тричко ја убива таа историја, тоа потплатено самопрогласено слободно новинарство, ги масакрира тие наследени навики преку современото ВМРО-ДПМНЕ, ги ничкосува во единствен стил, во совршени метафори. За да ги превоспита, да ги дечипира, да ги закопа окорелите. Ете, затоа Тричко…

Тенкју, Кикифрики, претенкју…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk