ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Ако не направиме реформи во образованието, нема да фатиме чекор со светот, рече Царовска, Португалија, се надева дека во првата половина од годинава ќе се деблокира спорот со Бугарија

January 19, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ако не направиме промени во основното образование денес, нема да фатиме чекор со светот, рече министерката Царовска. Реформата не е козметичка. Затоа ни е потребна реформа која што ќе направи тектонски промени. За првпат имаме реформа која се фокусира на знаењето на децата. А сето ова го нуди оваа концепција, додаде Царовска.

Програмата се конципира за учениците, да сакаат да одат во училиште. Сега ако ги прашате учениците тие сметаат дека училиштето е нерелевантно, дека сето тоа што го учат нема да им биде потребно за во иднина, оти вистина е дека тие факти што ги учат сега со еден клик ќе ги најдат на интернет. Затоа велиме интеграција на природните науки, на општествените науки, вели Царовска. Таа објасни дека целиот систем на учење во моментов е промашен и затоа се неопходни коренити промени. За прв пат ќе се даде можност ученикот да избира предмети, личните негови потенцијални ќе излезат на површина, не може сите деца да имаат исти предмети, некои да, но не сите предмети. Тој мора да учи согласно неговите афинитети и дарби кои ги има. Постојано пристигнуваат сугестии од наставниците што да се реформира и со тоа помагаат во креирањето на новата наставна програма, дополни Царовска

Иако во последните години ги покачивме платите на наставниците, кои и во иднина ќе растат, сепак достинството не им е вратено. Таа вредност на наставникот како централна позиција во општеството е изгубена. Ние тоа сакаме да го вратиме, да им дадеме систем на кариера, автономија при креирање наставна програма, за да ги создаваат идните млади генерации, вели Царовска.

Актуелниот претседавач со ЕУ, Португалија, се надева дека во првата половина од годинава ќе се деблокира спорот со Софија и оти ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. Во исто време македонскиот претседател Стево Пендаровски порача дека ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ. Премиерот Зоран Заев, пак, рече дека фокусот во разговорите со Бугарија до изборите кај нив, ќе биде на Акцискиот план, по што ќе следи водење на разговорите на политичко ниво.

Се ќе разберам, дека се опозиција, дека сакаат да направат амбиент за едно 10 години да се обидат да дојдат на власт, но никако не можам да разберам како мислат да поентираат со тоа што блокираат закон со кој ќе се овозможи влез на вакцини против ковид19. Срамно и бедно од ДПМНЕ, вели Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов.

Иако светот на криптовалутите постои повеќе од една деценија, нивната популарност кулминираше деновиве, а анкета, покажа дека повеќе од 70 отсто од испитаниците одговориле дека многу малку или воопшто не се запознаени со криптовалутите. Само 6,4 отсто одговориле дека многу добро се запознаени со Биткоин, Етериум, Лајткоин и слични.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и првата дама, Меланија ги поминуваат последните денови во пакување на куферите и други лични предмети, и најдоцна до среда 12:01 часот источноамериканско време, треба да ја напуштат Белата куќа. 

ФРОНТ: 

Чорапи со „локуми“- Колумна на Јане Ѓорѓиоски

Кикифрики – Колумна на Џабир М. Дерала

 

М.М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“

July 19, 2025
AI generated image

Велика Британија инвестира милијарда фунти во инфраструктура за вештачка интелигенција

July 19, 2025

Австралија и испорача тенкови „Абрамс“ на Украина

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk