ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Објавата на Апасиев поттикнува расизам и ксенофобија и за тоа кривично се одговара, вели Најчевска, евтина работна сила за скапо охридско кафе…

January 19, 2021 18:04
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МО ги отфрла како лаги и манипулации обвинувањата на Ковачки, тврди дека ветигнот го врши тим обучен од НАТО експерти. Василевски напомена дека ветингот го врши тим обучен од НАТО експерти врз чија работа не се врши апсолутно никакво влијание, додека двете лица кои ги спомнува Ковачки, добиле НАТО и национално-безбедносни сертификати во времето на претходната влада, раководена од ВМРО-ДПМНЕ.

Евтина работна сила за скапо охридско кафе. Често, сликата за статусот на охридските угостителски работници, си ја споредувам со онаа на работниците од некои дистописко тоталитарни романи што сум ги прочитала. И најдобра паралела можам да направам со стиховите од Рацин, „стани си утре порано, дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси, навечер тага донеси“…пишува Марија Миткоска…

Најчевска: Објавата на Апасиев поттикнува расизам и ксенофобија и за тоа кривично се одговара. Во исто време ги девалвира и мерките на државата за спречување на ширење на Ковид19 и ги поттикнува граѓаните кон непочитување на вие мерки и спротиставување на државните органи во нивното спроведување, пишува проф. Најчевска.

Нека му каже некој на фирерчето од Велес дека материјалниот имунитет го штити само за кажаното од собраниската говорница, пишува Павле Богоевски…

Вистиномер: Мицкоски греши, руската вакцина не е авторизирана за употреба ниту во Германија, ниту во ЕУ. Чим СЗО, чим Европска унија тие истите ги регистрирала, не ја гледам причината… ако е точно тоа дека тактизирале и дека направиле, би рекол, таков пропуст, потенцираше Мицкоски.

Шилегов: Не спиеме, автобуското метро годинава почнува да станува реалност. Не спиеме, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит, популарното наречено Автобуско Mетро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон !!!, напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

Кои се вистинските придобивки, а кои реалните ризици од вакцинацијата? Дискусијата за вакцинирање против КОВИД-19 уште еднаш ги изнесе на виделина сите стари приказни за вакцините воопшто. Веќе има многу текстови кои ги анализираат новите вакцини, зборуваат за RNK вакцини итн. Но, што е со сите оние стари тврдења?

Продолжување на работното време на угостителските објекти. На денешната владина седница ги разгледавме епидемиолошките насоки, при што Владата донесе одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, објави премиерот Заев.

Заев: Поддршката на туризмот даде одлични резултати, годинава предвидени 31.000.000 денари. Во Берово имаме покачување од 29 отсто на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37 проценти во однос на истиот период 2019 година, наведува Заев.

Државниот инспекторат за животна средина цел на хакерски напад. Околу 12:00 часот на полноќ, на 18-ти наспрема 19-ти јануари 2021 година, поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина, стои во соопштението на ДИЖС.

Влада: Отстранувањето на ризиците по УНЕСКО статусот на Охридското Езеро мора да биде врвен приоритет за сите. Како што соопшти владината прес-служба, Националната комисија за УНЕСКО која е во координација со владиното интер-ресорско тело со кое претседава премиерот Зоран Заев е вклучена во подготовката на Извештајот за напредокот за 2020 година кој нашата држава треба да го достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО до 1 февруари оваа година.

Ердоган најавува радикални реформи, дали тоа значи нов бран апсења? Кога ќе дојде вистинско време, ние ќе ја споделиме со нашата нација работата што ја направивме за да спроведеме многу порадикални реформи, истакна Ердоган во своето онлајн обраќање.

 И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Руте бара зголемување на воздухопловната одбрана на НАТО за 400 отсто

June 9, 2025
Пламен се издига над рускиот град Чебоксари во Република Чувашија по наводниот украински напад со беспилотни летала на 9 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Украински дронови предизвикаа пожар во руски објект за електронско војување во Република Чувашија, погодиени два авиони во нападот на воздухопловната база Саваслејка

June 9, 2025
Скриншот

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk