ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Западниот Балкан ќе треба да почека „уште неколку недели“ за вакцини од ЕУ

January 19, 2021 16:57
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, изјави дека ЕУ работи интензивно на тоа да им овозможи на земјите партнери на западниот Балкан да ги добијат вакцини, но дека ќе треба да се почека уште некоја недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прес-конференција попладнево посветена на стратегијата за вакцинирање во ЕУ, Схинас порача дека проблемот не е во парите туку во достапноста на дозите за вакцини против Ковид-19.

-Парите се достапни за помош, ситуацијата во која се наоѓаме сега ќе бара уште неколку недели трпение, повеќе од парите проблемот е во количината на достапни вакцини. Дури и со пари не може да се најдат доволно вакцини на пазарот, изјави Схинас, одговарајќи на новинарско прашање за ветените вакцини за западен Балкан.

Тој додаде дека на претстојниот самит на лидерите на ЕУ кој ќе се одржи в четврток ќе се разговара и за оваа тема, но Схинас не сакаше да открие повеќе детали за количните и роковите во овој момент.

-Еден опиплив знак на солидарност би било да почнеме со вакцинација на специфични групи на западниот Балкан, како здравствените работници и социјалните работници, тоа би било симболичен и значаен гест од страна на ЕУ, рече потпретседателот на Европската Комисија, повторувајќи дека ЕУ е посветена да набави дози за регионот и за другите соседи на ЕУ што е можно побрзо.

Слична порака испрати и еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес која потсети дека „никој не е безбеден додека сите не се безбедни“ и изрази надеж дека шефовите на држави и влади во ЕУ ќе успеат да постигнат согласност за западен Балкан на состанокот в четврток, за да се покријат потребите на овие земји додека системот Ковакс почне да функционира.

Европската Комисија од земјите членки бара до месец март да вакцинира барем 80 отсто од населението над 80 годишна возраст и барем 80 отсто од здравствените работници. До ова лето, земјите членки треба да имаат вакцинирано најмалку 70 отсто од возрасното население доколку сакаат да се излезе од кризата што поскоро, порача Схинас. 

 

/МИА/
Next Post

Ердоган најавува радикални реформи, дали тоа значи нов бран апсења?

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk