ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грција започнува со издавање дигитален сертификат за вакцинација

January 20, 2021 10:41
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Започнува издавањето на дигиталниот сертификат за вакцинација, тоа е уште една грчка иновација, рече премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на состанокот за текот на спроведувањето на националниот план за вакцинација и додаде дека оваа потврда не значи ограничувања, туку олеснување на движењето и патувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер објасни дека сертификатот е за потврдување на законската вакцинација и е за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори предлогот до ЕУ за „единствен сертификат по европски стандарди“.

-Сакам да истакнам дека не станува збор за никакво ограничување, туку напротив ќе ни олесни да се ослободиме од рестрикциите што сега ги наметнува Ковид во патувањата на европските граѓани. Тоа е нешто што особено се однесува на нашиот туризам и перспективите на нашата економија, особено во пресрет на летната сезона, рече Мицотакис и додаде дека засега, овој предлог наидува на топол прием.

За конкретниот грчки предлог ќе се дискутира на утрешниот Самит на ЕУ, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација.

Истакна дека на Самитот ќе побара од Европската комисија да се активира за побрзо одобрување на останатите вакцини, но и да изврши притисок до Фајзер за забрзување на производството на вакцини за „компанијата да биде доследна за дозите за кои се обврза да ги достави до европските земји во првиот квартал од 2021 година“.

Во однос на процесот на вакцинација во Грција, Мицотакис рече дека се одвива регуларно, со големо учество, како на здравствените работници, така и на граѓаните над 85-годишна возраст, со над 90.000 вакцинирани и со закажани речиси 400.000 термини за вакцинација.

-Ние се вакциниравме и со втората доза, без апсолутно никакво несакано дејство. И секако, треба да повториме дека овие вакцини се чувствителни, бараат посебни услови и е многу важно да не се загуби ниту една доза, истакна Мицотакис.

Објасни дека иако граѓаните се точни и над 95 отсто не ги пропуштаат закажаните термини за вакцинација, сепак, за да не се загубат вакцините, постои механизам, односно доколку останат неискористени дози од  неискористените закажани термини, ќе се вакцинираат припадници на војската и полицијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Завршува зимскиот распуст и рокот за праќање коментари за нацрт-концепцијата за основно образование

НАЈНОВО

Фото: ТАВ, Аеродром Скопје

ТАВ Македонија: Над 2,5 милиони патници во првите девет месеци, се очекува уште поголем раст

October 17, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

October 17, 2025

(ВИДЕО) Шукова со завршна порака: „Се бориме за нашиот дом!“

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk