ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Почина Бранка Станковска, На учениците им треба образование што ќе ги однесе на врвот, Советот на ЕУ заемно ќе ги признава ПЦР тестовите

January 21, 2021 21:04
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Советот наведува дека употребата на брзи тестови и заемно признавање на резултатите од тестовите за Ковид-19 низ ЕУ се од суштинско значење за ублажување на ширењето на вирусот, како и за придонес кон непречено функционирање на внатрешниот пазар и за олеснување на прекуграничното движење и лекување.

Интеграција не значи инфузирање, интеграцијата значи модуларно поставување на секоја научна дисциплина и интеграција врз основа на теми кои укажува проблемско пристапување кон секое делче коешто го учиме за секоја тема. Притоа, секој ученик ќе добие оценка и по географија и по историја и по граѓанско, заради тоа што мора да има одредени факти што треба да ги знае, но, главно заедничкото планирање на предметот општествени науки на наставниците од различни научни дисциплини ќе треба да ни даде излезен резултат колку ученикот фактите што ги научил по дадените модули знае да ги употреби во секојдневното решавање на проблеми.“- објасни дел од Концепцијата за реформи во образованието, министерката Мила Царовска, во вестите на Сител.

Се што ќе направиме е подобро од тоа што е денес, заради тоа што нашите резултати на меѓународните тестирања како и на домашните тестирање покажуваат функционална неписменост кај нашите ученици.

Компанијата „Фајзер“ оваа недела ќе испорача двојно помало количество на вакцини против Ковид-19 за некои членки на ЕУ во споредба со договореното, поради што се зголемува незадоволството во Унијата.

Бранка Станковска, легендарната радио и тв спикерка и водителка, почина денеска во Скопје, потврди семејството. На 90 годишна возраст.Станковска целиот работен век од 39 години (1948-1987) го поминала во Македонската радиотелевизија.

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите здравствени протоколи, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче на онлајн конференцијата во организација на „Рома Интеграцион Центрум“.

Министерот кажа дека е време да се престанеме да се гледа на пописот како на политичко прашање, кое служи само за да се пребројат етничките заедници во нашата земја и како општество да се фокусираме на тоа како пописот може да биде своевиден катализатор на развојот на државата и планирањето на политиките, особено за најранливите категории на граѓани.

Членовите на Координативното тело за имплементација на Националната стратегија „Едно општество и интеркултурализам“ денеска преку видео-конференциска врска одржаа конститутивен состанок на кој се запознаа меѓусебно поради менувањето на дел од членовите по формирањето на новата Влада.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија.

 

Next Post

Вакцинирани над еден отсто од населението во Грција

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk