ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Членови на МАНУ: Реформата во образованието е неопходна, претпазливо со историјата

January 22, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Реформата треба да се поддржи и е неопходна што побргу зашто се работи за најзначајно прашање – основното образование, кое е база на целиот образовен систем, сметаат членови на Одделението за општествени науки и на Центарот за стратегиски истражувања во МАНУ, според кои е нормално да има различни ставови, а и тие имаат свои сугестии за подобрување на концепцијата и нив ги изнеле денеска на средбата со министерката Мила Царовска и со членовите на работната група кои го изработија нацрт-документот.

-Дадовме редица сугестии за подобрување на концептот и очекуваме по усвојувањето, да биде подготвен наставниот план, а следен чекор – наставните програми, како и национални образовни стандарди преку кои ќе се мерат исходите на образованието – стекнатите компетенции и оценувањето на учениците, за да може да се подигне квалитетот на основното образование, кој сега, на меѓународни мерења, се оценува како исклучително низок, рече академик Владо Камбовски по состанокот.

Реформата треба да вклучи и други компоненти, додаде тој, како буџетски вложувања, подобрување на статусот на наставниците и едукација за нова филозофија на учење со која се стекнуваат знаења и способности за совладување проблеми.

-Укажавме конкретни сугестии во однос на структурата на наставниот план кој, според нас, слично на други развиени концепти, во рамки на осумте подрачја одредени како цели на системот на образование, треба да вклучи листа на задолжителни предмети, меѓу кои треба да се најдат и историја, и физика, и хемија, оние кои сега се групирани само како модули на заеднички предмет Општествени науки, рече Камбовски.

Според академик Таки Фити, најважно е да се промени пристапот на учење и реформата треба да почне со радикално преиспитување на наставните содржини и од нив да исфрли се што е второстепено и несуштинско, екстензивноста и кванитетот, а учениците да се ослободат од меморирање факти и од најрана возраст да се учат на критичко и логично размислување и да стекнуваат вештини на креативност, инвенција, иновативност, способност за претприемништво и искористување на можностите. Посочи и дека прашањето за интегрирање на предметите не е незначајно и дека историјата треба да остане посебен предмт.

-Реформите во основното образование се императив и не смее да се одложуваат зашто многу лошо стоиме – и во однос на длабочината, и во опсегот на знаењето на основците, споредено со нивните врсници од високоразвиените земји. Тоа го потврдуваат и меѓунаропдни мерења, а тој јаз има тенденција и да се проширува. Затоа со реформи треба веднаш да се почне, рече Фити.

Смета дека отпорот кон нацрт-концепцијата веројатно произлегува од недоразбирање и затоа што имало, како што рече, лоша коинциденција во периодот кога се објави концептот и политичкиот амбиент во земјава.

-Некако се поврза целиот концепт со состојбите и проблемите што ги имаме со соседна Бугарија и она инсистирање во концептот за интегрирање предмети се сфати како бришење на предмети, конкретно на историјата, и некако се дефокусира суштината на расправата. Иако тоа прашање на интегрирање не е незначајно, и ние дадодвме свои сугестии. Мислиме дека треба да бидеме многу претпазливи, особено кога станува збор за историјата. Ние имаме проблеми со национална историја во мултиетничка земја, но лично мислам дека може историјата да си остане како посебна наука или да се најде креативно решение кое нема да ја наруши суштината на концептот, но исто така ќе придонесе за национален консензус околу овие прашања. Нема укинување предмти, особено не на историјата, истакна академик Фити.

Академик Абдулменаф Беџети повика да се поддржи иницијативата зашто, како што рече,  тешко е да се влезе во толку комплексен зафат, а ова е само првиот чекор.  Ја поздрави поканата од МОН да вклучи членови од највисоката научна институција во консултативниот процес, иако се работи за реформа во основното образование.

-Расправата беше многу плодна и конструктувна. Мислам дека имаме голем консензус дека проблемите во образованието започнуваат во основното, потоа ги среќаваме подоцна и во високото образование. Се чудам дека се уште има такви кои размислуваат со резерва и со предрасуди за да не се влезе во почетни промени. Не само што е обврска од веќе донесениот Закон пред две години, туку е и определба  да не се задоцни. Констатиравме дека е потребен различен пристап во различни краеви, во различни области и различни прашања. Останува конструктивно да учествуваме за процесот да се одвива во најдобар тек, зашто и најдолгиот пат почнува со првиот чекор, изјави Беџети.

Овие академици посочија дека мислењата им се лични, не е официјален став на МАНУ и на најзиното Претседателство.  Министерката Царовска рече дека сите седум членови на Одделението за општествени науки при МАНУ биле поканети, а тројца не присуствувале од оправдани причини. Академик Камбовски додаде дека ова се прашања во доменот на Одделението за општествени науки, а дека Академијата нема официјален став на Претседателство или на Собрание.

-Ставовите на Академијата ги формулираат неговите тела – Собранието, како највисоко тело или Претседателството. За овие прашања Собранието сигурно ќе расправа и ќе формулира ставови, но јас не можам однапред да кажам какви, рече Камбовски одговарајќи на новинарско прашање.

 

/МИА/
Next Post

Груби: Убеден сум дека пописот во април ќе се одржи

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk