Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, денеска соопшти дека 1.349 административни службеници, вработени по Охридскиот рамковен договор, ќе бидат распределени во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа.
„Трансфер-листата е во Министерството за информатичко општество и администрација, каде што веќе изборот не е нивен, односно од институција што има слободно место им се нуди. Ако тоа го одбијат, им се укинува работниот договор. Немаат веќе право да пребираат и да бараат друго работно место, ова е единствената опција“, рече Груби на прес-конференцијата.
Тој исто така наброја некои од институциите каде што ќе бидат прераспределени рамковните вработени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.
Извор: Макфакс