ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Meѓународната мрежа за проверка на факти номинирана за Нобелова награда

January 22, 2021 18:16
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната лидерка на норвешката либерална партија, Трине Скеи Гранде смета дека проверката на фактите стана толку важна што ја заслужува Нобеловата награда за мир, известува порталот за критичко мислење и медиумска писменост КриТинк.

Во време кога лажните вести се шират побрзо од кога било и кога силно ги демонизираме меѓусебните мислења, фактот дека некој се бори за вистината, се бори за фактите и се бори да ги симне лажните вести, мислам дека е мировнички чин, вели Гранде за НРК.

Токму затоа Гранде избра да ја номинира Меѓународната мрежа за проверка на фактите за Нобеловата награда за мир. Мрежата е со седиште во САД и е основана во 2015 година.

„Тоа е организација за проверувачи на факти  која гарантира дека проверувачите на факти имаат добри методи и се сертифицирани за работата што ја работат“, вели Гранде

Гранде, која е и поранешна министерка за култура и образование, верува дека лагите и брзото ширење на лажни вести преку социјалните мрежи ја прават проверката на фактите поважна од кога и да е:

„Социјалните медиуми имаат такво влијание на ширењето на лаги, за што би можеле да сонуваат поранешните диктатори“, вели Гранде.

Нагласувајќи ја важноста на проверката на фактите и разоткривањето на лажните вести, таа посочува:

„Гледаме дека некој ги поткопува демократиите и дијалогот меѓу земјите, ја демонизира сликата за нациите, религиите и етничките групи. Фактот дека некој се бори за факти е можеби поважен од кога и да е, кога ќе видиме дека лажните вести имаат такво плодно тло на социјалните мрежи, какво што никогаш порано не сме виделе“, вели Гранде.

И норвешката организација „Норске Фактиск“ е дел од меѓународната мрежа на проверувачи на факти. Уредникот Кристоффер Егеберг се согласува со проблемите кои ги поставува Гранде во врска со последиците од лажните вести. Тој ги посочува пандемијата и заговорите околу неа, како нешто што го користат силите кои сакаат да ја поткопаат демократијата во одделни земји.

„Во врска со тоа проверувачите на факти во многу земји навистина направија фантастичен напор. Оваа мрежа ИФЦН е исто така неверојатно важна“, вели Егеберг.

Тој, исто така, посочува дека заложбите на ИФЦН за поставување стандарди за  проверување на факти доведоа до тоа организацијата да биде значајна и да се слуша нејзиното мислење. Таа стана играч, кој најголемите платформи, како Фејсбук, Гугл, Твитер и други, го почитуваат и уважуваат кога станува збор за маркирање на лажните вести, пишува НРК.

Директорот на Меѓународната мрежа за проверка на факти Бајбарс Орсек изјави дека номинацијата претставува голема чест која треба да се прифати со скромност. Тој исто така укажа дека спротивствувањето на лагите и манипулациите е исклучително важно во услови на глобална пандемија.

„Иако признаваме дека оваа номинација е само прв чекор до можноста да бидеме во тесна конкуренција за добивање на оваа неспоредлива награда, ја сметаме номинацијата како важна потврда за важноста на работата на проверувачите на факти низ целот свет. Просто речено: фактите се важни и проверката на факти може да спаси животи“ изјави Орсек.

Приоритет на Мрежата е соработка помеѓу проверувачите на факти од различни земји, јазици и култури. Иницијативата „Алијанса за факти за коронавирусот“ (#CoronavirusFactsAlliance), која неодамна доби признание од Парискиот мировен форум, која опфаќа 99 организации за проверка на факти од повеќе од 70 има изградено јавна архива со повеќе од 10.000 проверки на факти. Оваа единствена база на податоци обезбедува на јавноста точни информации за низа прашања поврзани со пандемијата ковид-19.

Мрежата за проверка на факти создаде Кодекс на принципи за проверувачи на факти врз основа на кој се вршат годишни јавни ревизии на квалитетот на работата на членките. Во моментот Кодексот има 79 сертифицирани корисници од 51 држава.

Сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ основан од Фондацијата „Метаморфозис“ е дел од Меѓународната мрежа за проверка на факти од самото нејзино основање и е единствена организација од Северна Македонија која е сертифицирана од страна на ИФЦН.

 

 

извор мета.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Крмзов доби 30 дена притвор

June 10, 2025
Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слабиот моќник на Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk