Хрватската телевизија РТЛ објави скандалозна снимка од забава којашто се случила во просториите на ковид болницата Дубрава. Имено, оваа снимка настанала на почетокот од овој месец, а до редакцијата на РТЛ стигнала преку вработена во болницата, пренесе Слободен печат.
На забавата присуствувале дел од медицинските сестри, а на снимката се гледа дека танцуваат со жива музика, без растојание и без маски како заштита.
Оваа ситуација ги налутила дел од нивните колеги, а една од нив решила да испрати и отворено писмо до редакцијата на телевизија РТЛ.
– Во вакви ситуации ми е срам што сум медицинска сестра. Во 20 години работен стаж вакво нешто не сум доживеала. Непочитување на епидемиолошките мерки, алкохол, тамбури, песни и танц. И сето тоа во просториите на болницата, во режија на вработените. Не знам кој дозволи музичка група во болницата и дали воопшто знаел за тоа, но очекувам санкции за „актерите“ во ова случување. Мислам дека со ова се создаде грда слика за вработените коишто си ја работат работата како што треба. Целата болница зборува за таа спорна забава, а време е одговорните да се одговараат за ова и да се спречат ваквите настани во идина. Се бориме против вирус, а самите го шириме. Лута сум, а и разочарана, пишува медицинската сестра во писмото.
Хрватската телевизија РТЛ објави скандалозна снимка од забава којашто се случила во просториите на ковид болницата Дубрава. Имено, оваа снимка настанала на почетокот од овој месец, а до редакцијата на РТЛ стигнала преку вработена во болницата.
На забавата присуствувале дел од медицинските сестри, а на снимката се гледа дека танцуваат со жива музика, без да внимаваат на растојанието и без маски како заштита.
Оваа ситуација ги налутила дел од нивните колеги, а една од нив решила да испрати и отворено писмо до редакцијата на телевизија РТЛ.
– Во вакви ситуации ми е срам што сум медицинска сестра. Во 20 години работен стаж вакво нешто не сум доживеала. Непочитување на епидемиолошките мерки, алкохол, тамбури, песни и танц. И сето тоа во просториите на болницата, во режија на вработените. Не знам кој дозволи музичка група во болницата и дали воопшто знаел за тоа, но очекувам санкции за „актерите“ во ова случување. Мислам дека со ова се создаде грда слика за вработените коишто си ја работат работата како што треба. Целата болница зборува за таа спорна забава, а време е одговорните да се одговараат за ова и да се спречат ваквите настани во идина. Се бориме против вирус, а самите го шириме. Лута сум, а и разочарана, пишува медицинската сестра во писмото.
Извор: Индекс.хр