ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

January 23, 2021 11:12
in TECH FRONT, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата „Валв“ (Valve) заедно со уште пет други издавачи на видеоигри заработија вкупна казна од 7,8 милиони евра од страна на европските регулатори за монопол поради практиката позната како „гео-блокирање“, соопшти Европската комисија.

„Валв“ заедно со другите компании ја ограничила продажбата на видеоигри врз основа на географската локација на корисниците во рамките на Европската економска зона, пракса која се коси со законот за конкуренција во Европската Унија.

Од Комисијата додаваат дека ваквите практики кои опфатиле повеќе од 100 игри биле насочени кон одржување на разлики во цените помеѓу земји од источна и западна Европа и кон блокирање на корисници да купуваат игри на единствениот пазар на Европската Унија. Корисници кои живееле во земји со повисоки приходи биле спречени да ги купуваат игрите по намалена цена во други земји.

Казнетите издавачи побарале од „Валв“ да постави ограничувања и да ги блокира таканаречените „клучеви за активација“ на некои од игрите на платформата „Стим“ (Steam), која пак претставува најголем пазар за компјутерски игри и генерира најмногу приходи за „Валв“. Како резултат на ова, на корисниците кои живеат надвор од одредена земја-членка (надвор од Чешка, Полска, Унгарија, Романија, Естонија, Словачка, Латвија и Литванија) им биле испраќани блокирани клучеви и со тоа биле спречени да активираат дадена видеоигра на „Стим“, а ваквите практики во одредени случаи траеле и до пет години.

Маргарет Вестагер, извршната потпретседателка одговорна за политиката на конкуренција, рече дека ваквите практики ги лишуваат европските потрошувачи од придобивките на единствениот дигитален пазар на ЕУ.

„Повеќе од 50 отсто од Европејците играат видео игри. Индустријата за видеоигри во Европа напредува и сега вреди над 17 милијарди евра. Санкциите против практиката на гео-блокирање на Валв и другите пет компании за видеоигри служат како потсетник дека според законот за конкуренција на ЕУ, на компаниите им е забрането договорно да ја ограничуваат прекуграничната продажба“, изјави Вестагер во средата.

Помеѓу казнетите издавачи се јапонските гиганти за игри „Капком“ (Capcom) и „Бандаи Намко“ (Bandai Namco), американската „Зенимакс“ (ZeniMax), во чија сопственост е познатото студио за игри „Бетесда“, потоа францускат „Фокусхоум“ (Focus Home) и германската групација „Коч Медиа“ (Koch Media).

Поради соработка со Комисијата, казните за петте компании биле намалени, додека „Валв“, поради тоа што избрала да не соработува, заработи казна од над 1,6 милиони евра.

Од „Валв“ соопштија дека ќе ја обжалат одлуката на Европската Комисија.

„Во текот на седумгодишната истрага, Валв целосно соработуваше, обезбедувајќи ги сите барани докази и информации до Комисијата. Не се согласуваме со овие наоди и планираме да се жалиме на одлуката“ , изјавил Даг Ломбарди, потпретседател за маркетинг во „Валв“. /МЕТА/

Next Post

Во Скопје 226 санкционирани возачи, 11 за брзо возење

НАЈНОВО

Во Тирана протест против законот за родова еднаквост

November 16, 2025
ВИ актерка

(ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

November 16, 2025

10 славни мајки и ќерки кои го делат холивудскиот сјај

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk