Во средата за време на инаугурацијата на Џо Бајден и Камела Харис, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, беше фотографиран како седи на стол облечен во топла зимска облека, плетени ракавици и заштитна сина маска за лице. Фотографијата стана вирална, а луѓето ширум светот ја монтираа фотографијата од Сандерс во најразлични ситуации и средини. Студент на универзитетот во Њујорк дури и создаде веб-страница за луѓето да можат да ја поставуваат фотографијата на која и да е адреса, насекаде во светот.
Светот го обиколија разни фотомонтажи каде Берни е во популарни ситуации и сцени од филмови и настани
И нашата интернет сцена не остана заобиколена од овој светски вирален тренд.
Берни пред Собрание, на тезга во Битпазар, на местото од „Воинот на коњ“, се само дел од изборот на сцените кои беа забележани.
Од друга страна, Берни и неговиот тим го препозна овој интересен тренд и реши мемето да го „искористи“ за собирање на пари кои ќе бидат донирани во добротворни цели.
Дуксерот со апликација од форографијата од Сандерс e достапeн за купување на веб-страницата на Сандерс по цена од 45 долари. Откако првично се распродадени сите дуксери, количините се обновуваат, но нарачките во Америка ќе се испорачуваат со закаснување од три до шест недели напоменуваат од веб страната од Берни.
Според описот на производот, целиот приход од продажбата ќе бидат наменети за „Meals on Wheels Vermont“. Тоа е хуманитарна организација која им овозможува достава на топли оброци на луѓе на возраст помлади од 60 години со хронични болести или попречености, кои не се во можност да си подготват свои оброци или немаат кој да им помогне, да добиваат најмалку еден топол оброк, пет дена во неделата.
– Јас само си седев таму и се обидував да се стоплам, обидувајќи се да обрнам внимание на тоа што се случува на инаугурацијата, рече Сандерс за тоа како дошло до таа поза во која е уловен за време на инаугурацијата.
Ј. Ѓорѓиоски