ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Повеќе од 20 земјоделци од кумановско добија трактори преку Програмата за рурален развој

January 23, 2021 12:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 50 проценти од земјоделците од кумановско кои аплицирале преку програмата за рурален развој добија решенија за одобрување на трактори од Програмата за рурален развој, информираа денеска надлежните од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, регион североисток Куманово.

На јавниот повик што беше објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од кумановско аплицирале над 40-тина земјоделци од овој крај, а од нив повеќе од 20 веќе имаат добиено решение за одобрување на трактори од оваа Програма и сега се во фаза на набавка на механизација.

– Дел од нив веќе ги купија тракторите, некои собираат документи за барање за исплата, тој процент што треба да се кофинансира од државата. Од документите, потребно е барање за да се пушти да им се вратат средствата на сметка од буџетот на државата. Ова е 50-50 финансирање. Но, во кумановско ниту еден не доби со 50 проценти, сите се 55, 60,70 и 75 проценти кофинансирање од државата, што зависи од капацитети, возраст, пол, услови, ако е погранична зона, рурални средини што се од повисоки нивоа, над 700 метри висина. Ние како советодавци на агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството можам да кажам дека сме задоволни затоа што повеќе од 50 проценти од апликациите се прифатени, сето тоа е плод на наша работа со земјоделците, изјави раководител на регион североисток, Куманово Џабир Рамадани.

Според Рамадани, важно е да се модернизира земјоделското производство, да се исполнат европските стандарди. Тој појаснува дека преку посебен закон за добра земјоделска пракса се исполнуваат стандардите за да се добие механизација.

– Тие работи бараат труд, земјоделецот мора да се ангажира, да ги постигне условите и ако му направиме деловен план веќе сме и сигурни дека ќе добие, дека ги исполнува условите. Пари редовно има и од буџетот на државата преку програмата за рурален развој и од ИПАРД програмата. Би било многу добро земјоделците што повеќе да се зафатат за тоа да ги исполнат минималните услови, се е можно само што треба ангажирање и во соработка со нас како советодавци, даваме насоки, совети, информации како и до кое ниво треба да исполнат, појаснува Рамадани.

Фармерите откако ќе го добијат тракторот обврзани се да ги обработуваат земјоделските капацитети, наредните пет години согласно предвиденото во деловниот план при апликацијата или техничкиот проект. Тракторите не смеат да се отуѓуваат и наредните пет години мора да се користат за обработка на своето земјиште. /МИА/

 

Next Post

Продажбата на електрични возила лани во светот се зголемила за 43 отсто

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk