ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Продажбата на електрични возила лани во светот се зголемила за 43 отсто

January 23, 2021 12:44
in TECH FRONT, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Глобален пресврт во продажбата на електрични автомобили во светот може да се очекува наскоро, заедно со падот на цените на батериите за овие возила. Во 2020 година продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголемила за 43 отсто, пишува „Гардијан“. 

Најдалеку во купувањето на електрични автомобили лани отиде Норвешка, каде уделот на овие возила во продажбата на нови автомобили во 2020 година изнесувал дури 54,3 отсто.

Податоците покажуваат дека 4,2 отсто од новите возила во светот биле електрични. Навистина, најголем напредок во нивното купување направија граѓаните од богатите скандинавски земји, но предвидувањата на „Гардијан“ се дека многу брзо електричните возила ќе постанат достапни за граѓаните од останатите земји и без вообичаените даночни олеснувања и субвенциите што ги воведуваат владите ширум светот.

Опаѓањето на цената на батериите е драматична, па така неодамнешно истражување покажува дека еден ваков пакет на батерии чини 4.100 долари, со тенденција на натамошно зголемување на производството и намалување на материјалните трошоци за нивно производство. Како резултат на ова, во следните пет години електричните возила најверојатно ќе постанат најисплатливиот избор за возачите во многу делови од светот.

Очекувањата се дека во 2023 година, батериите за електричните возила ќе ја достигнат цената од 3.000 долари, при што вкупната цена за набавка на едно вакво возило ќе биде идентична на купувањето нов автомобил на погон на бензин, дизел или друго гориво.

Инаку, Норвешка има развиено државна стратегија за целосно искоренување на продажбата на бензински и дизел автомобили како нови возила во земјата најдоцна до 2025 година, додека светските производители на електрични автомобили се натпреваруваат во Норвешка, која традиционално со години наназад важеше за еден од најголемите производители на нафта во светот. /МЕТА/

Next Post

Затворен угостителски објект во Гостиварско поради непочитување на работното време

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk