„Пописот е само дел од амбиентот во општеството во кое поделбите егизистираат и не е ништо ново“, вели новинарот и политички аналитичар, Сашо Ордановски за емисијата „Само вистина“.
Според него, пописот е таква операција во Македонија, која што секогаш била исполитизирана.
„Секогаш има политика, посебно кога треба да се бројат графите на ваква или онаква етничка припадност. Нормално е дека ќе бидат подигнати сите нивоа на нервоза и недоверба. Штета е што ние живееме во атмосфера на свои кругови и разбирање на работите. Не се заинтересирани многу луѓето да чујат за другата страна“, рече Ордановкси, додавајќи дека попис мора да има, бидејќи е невозможно државата да функционира две децении без елементарни статистики за своите ресурси.