Партијата каде Вело Марковски е член на извршен, денеска не гласаше за законот за лекови. Епа антиваксери и без вас успеавме, обајави пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов на Твитер, во текот на вчерашниот ден.
Партијата каде Вело Марковски е член на извршен, денеска не гласаше за законот за лекови.
Епа антиваксери и без вас успеавме.
Од утре немате никаков легитимитет да зборувате за заштита од Ковид.
Го пробивте дното.— Костадин Костадинов (@kostadinkosta1) January 25, 2021
„Од утре немате никаков легитимитет да зборувате за заштита од Ковид. Го пробивте дното“, додаде Костадинов.
Во ноември минатата година, Костадинов на прес коференција ги потенцираше изјавите на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски и нагласи дека тие носат нов скандал.
„Последните изјави на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски носат нов скандал. Вело Марковски на сите доктори кои препишуваат „Сумамед” во стандардна терапија индиректно им го стави на товар бројот на починати од “Ковид-19”. Претходно, овој член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека нема да има есенски бран и дека маски воопшто не треба да се носат. Со тоа Марковски се обидува да го поткопа здравствениот систем. Истовремено, неговиот шеф, Мицкоски секојдневно се радува на бројот на починати од Ковид 19. Како едвај да чека бројот на починати од коронавирусот да се зголемува, за навечер да објавува содржини на социјалните мрежи каде ликува, се радува на несреќата на стотици семејства“, изјави Костадинов на прес конференцијата одржана на 11.11.2020.
Кон крајот пак на минатата година против д-р Марковски, Обвинителството за организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против осум лица за илегални археолошки истражувања за стекнување на личен профит, а меѓу обвинетите е и инфектологот д-р Вело Марковски.
„Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РС Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство“, објави ОЈО за организиран криминал.
И. Т. З.