ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинов: Мицкоски и Вело Марковски го загрозуваат здравјето и се радуваат на несреќи

November 11, 2020 13:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски остануваат најголемата закана по јавното здравје, истакнува на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Костадинов ги потенцира изјавиte на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски и нагласува дека тие носат нов скандал.

„Последните изјави на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски носат нов скандал. Вело Марковски на сите доктори кои препишуваат „Сумамед” во стандардна терапија индиректно им го стави на товар бројот на починати од “Ковид-19”.

Претходно, овој член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека нема да има есенски бран и дека маски воопшто не треба да се носат. Со тоа Марковски се обидува да го поткопа здравствениот систем.

Истовремено, неговиот шеф, Мицкоски секојдневно се радува на бројот на починати од Ковид 19. Како едвај да чека бројот на починати од коронавирусот да се зголемува, за навечер да објавува содржини на социјалните мрежи каде ликува, се радува на несреќата на стотици семејства.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се Мицкоски и Марковски, мрачни некрофили кои се обидуваат политички да профитираат врз несреќата на граѓаните.

Ним не им е битно здравјето на граѓаните. Напротив, се обидуваат на секој начин да го поткопаат здравствениот систем, да ја отежнат работата на здравствените работници.

Наместо помош и поддршка, од почетокот на пандемијата па се до денес, граѓаните од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гледаат само опструкции, лажни вести и масовно кршење на мерките за заштита од ковид 19.

Заради таквото однесување Мицкоски е казнет од граѓаните, заради таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму.“, истакна Костадинов.

Next Post

МЗ: Вакцини против сезонски грип има за сите, системски се менаџираат термините за вакцинација

Најново

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk