ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Вакцинација преку “Moj термин”, Сите вакцини се безбедни, Донесен план за економски реформи 2021-2023

January 26, 2021 21:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ја донесе и Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е и дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес, а министерот за финансии е задолжен да ја достави до Европската комисија до 31-ви јануари 2021 година.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 41-ва редовна седница го разгледа и го прифати Националниот план за КОВИД-19 вакцинација во Северна Македонија и го задолжи Министерството за здравство и другите надлежни институции да го имплементираат и да доставуваат редовни месечни извештаи за остварениот напредок.

Твитер бара помош од своите корисници во борбата против лажните вести.Твитер компанијата најави пилот проект кој ќе им овозможува на луѓето да доставуваат белешки на твитовите кои можат да бидат лажни или погрешни.Иницијативата, наречена „Birdwatch“, првично ќе се пробува меѓу мала група во САД. Компанијата Твитер вели и признава дека новиот систем ќе мора да биде „отпорен на обиди за манипулација“.

Пратениците во Собранието попладнево на пленарна седница расправаа за Дополнетиот предлог на закон за рамномерен регионален развој, во второ читање, со чие спроведување треба да се помогне во намалување на диспаритетот помеѓу регионите во земјава. Пратениците ја завршија расправата, но, по Предлог законот ќе се гласа дополнително.

„Верувам дека ќе имаме издржана статистичка операција која ќе ги постигне целите. Две причини имам за тавкото верување, првото, овој Закон за попис целата надлежност ја дава во рацете на Државниот завод за статистика, што значи пописот ќе го спроведат професионалци, луѓе кои со години се стручни во областа. Второ, верувам дека овој закон ги задоволува сие меѓународни, европски стандарди.

На денешната седница Владата ги прифати предлог решенијата на владината Комисија за именувања и донесе повеќе одлуки.Меѓу одлуките за именувања се следните: Александар Цуцулоски, да го отповика од должноста вршител на должноста член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

Членовите на Владата на денешната седница ја одобрија Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 година на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), која во делот на инвестициите оваа година има буџет повисок за 4.000.000.000 денари во однос на минатата година, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница на Владата се донесени дополнителни одлуки за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро.

Програмата за реализација на Стратегијата за енергетика 2040 ќе биде готова до март и ќе се работи врз основа на ревидираниот документ на Стратегијата, кој беше завршена во текот на ноември и декември лани. Зеленото сценарио и по ревизијата останува најприфатливото за развојот на земјава, кое треба да обезбеди и најдобри и економски и еколошки бенефити.

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево изјави дека во тек се преговори за набавка на 200 илјади дози од кинеските вакцини.

„Не е спорно што преставува резидентно население, но ние сме емигрантска држава, оттаму дали оваа држава има потреба да знае колку нејзини државјани се отселени, а при тоа таа бројка нема да влезе во делот на резидентното население. Но, ние ќе знаеме колкави и каков имот имаат тие државјани на оваа територија, како и колкумина заминале, од кои региони. И ова прашање не може да се гледа од аспект на Рамковниот договор, па која заедница колкав процент има, па кој колку бил… Кому му одговара да отвораме прашања кои сме ги затвориле пред многу години. Се манипулира со јавноста и со тоа дека ќе имало два потписа за верификација на резултатите, а какви се тие резултати од попис, тоа се податоци неопходни за креирање политики.“ –изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24

Системот „Мој тремин“ ќе ја има клучната улога во спроведувањето на вакцинацијата, која според најавите на министерот за здравство Венко Филипче треба да започне во февруари.

Имаме начин да увеземе од  која било вацкина против Ковид 19 и не постои никаква законска пречка за тоа, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на Канал 5 телевизија. Вакцините се нов продукт, истите ниту една земја ги нема регистрирано, но сите производители имаат документи со кои го гарантираат квалитетот на лекот, рече Филипче, посочувајќи дека првите вакцини во земјава ќе влезат со интервентен увоз и тоа не е никаква новина туку е пракса години наназад.

 Владимир Путин му честиташе на Џозеф Бајден со почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за оддржување на безбедноста и стабилноста во светот, тоа би било од интерес и на меѓународната заедница, се вели во денешното соопштение од Кремљ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Фон дер Лајен: Вложивме милијарди во развој на вакцини, компаниите сега да го исполнат своето

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk