ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Здравствените работници на Нефрологија со лесна слика, Македонско – бугарскиот јаз од недоразбирања доби грчки пораки за решение, Британскиот сој е со полесна форма на болеста

January 27, 2021 20:52
in ON THE HOUR, ZOOM IN
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија потенцираше дека сите здравствените работници кои се позитивни на КОВИД-19 од Клиниката за нефрологија имаат лесна клиничка форма на болеста. Во моментов, установата функционира нормално со останатиот медицински кадар.

На денешната седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, на страна од дневниот ред, процедурално се дебатираше и за најавената расправа за предложената нацрт-концепција за реформи во основното образование.

Македонско – бугарскиот јаз од недоразбирања доби грчки пораки за решение. Официјална Атина, која мудро молчи околу спорот Скопје – Софија, не ја спречи грчката опозициска парија Сириза, во чие време се потпиша Преспанскиот Договор, да испрати пораки до Бугарија и ЕУ.

Сомнителниот пакет во фабриката во Велс каде што се произведува вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 е безбеден и распоредот на производството не е нарушен, соопшти денеска компанијата Вокхард УК.

За најавената реформа во основното образование, професорката Мимоза Ристова од Природно-математичкиот факултет во Скопје, вели дека е промена што се чека 30 години. По денешната средба на професорите од сите универзитети во државата со претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование, Ристова изјави дека од првиот лош резултат  постигнат на ТИМСС тестовите, по независноста, резултатите  постојано се влошуваа.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва со видео обраќање на Свечената академија што се одржа онлајн по повод 27 Јануари, Свети Сава, го честиташе Националниот празник на српската заедница во нашата земја.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници на Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Скопје, на која се разговараше за важноста на развојот на социјалните услуги на локално ниво, со цел нивна поголема достапност на лицата на кои им е потребна.

Беше поздравена меѓусебната соработка и отвореноста на Владата за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата, како и инвестирање на капитални проекти кои го подобруваат животот на граѓаните во општините.

Next Post

Шекеринска: Не станува збор за одбивање на кандидатот за воен претставник во НАТО

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk