Една од девојките кои се објавени на повторно акутелната група „Јавна соба“ е и 28-годишната Ана. Таа преку Инстаграм испрати порака дека го пријавила во полиција случајот со недозволено ширење на фотографии и лични информации на девојки во групата наречена „Јавна соба“ на социјалната мрежа Tелеграм.Заедно со објавата и сите оние податоци од пораките и повиците кои ги добивала, но за жал полицијата не изреагирала никако, затоа што таа била полнолетна и законот не ѝ нудел никаква заштита.
View this post on Instagram
Ана зборува за целата случка, како била земена нејзина фотографија од нејзиниот профил од Инстаграм и дека покрај тоа бил објавен и нејзиниот телефонски број, при што започнало вознемирувањето.
„Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вајбер, на Ватсап, на Месинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Се додека наредниот ден не добив скриншот од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба“, туку е препраќана и на други места. Не знаев што да правам. Испаничив, се преплашив, никогаш не сум доживеала такво нешто.
Ана пријавила во Одделот за сајбер криминал. Ја покажала сликата, ги покажала пораките и повиците дека има со име и презиме луѓе ѝ пишувале и ѕвонеле.
„Кога слушнаа дека сум полнолетна, рекоа дека законот во нашата држава не може ништо да направи, бидејќи е само за малолетници. Бев беспомошна и бесна. Не знаев каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, се разочарав. ….Ова не е ваш срам. Ова е срам на некој друг кој сакал да ви наштети, на кој намерата му е да се повлечете, да не излегувате надвор, да немате социјален живот, да си ги нарушите односите со фамилијата, партнерот, пријатели, на работа, да паднете психички – немојте да дозволите, главата горе, не сте вие виновни што користите социјални мрежи, туку оние кои тоа го злоупотребуваат“ – вели 28 годишната Ана.