ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Посилен Западен Балкан води кон посилен Јадранско-јонски регион и кон посилна ЕУ

January 28, 2021 12:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Посилен и поотпорен Западен Балкан води кон посилен и поотпорен Јадранско-јонски макро-регион, што пак води кон посилна и поотпорна Европска Унија, а блиската и одржлива соработка на сите нивоа ќе послужи како катализатор на овие процеси, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Петтиот форум на Европската стратегија за Јадранско-Јонскиот регион на тема „Зајакнување на опоравувањето на Јадранскиот и Јонскиот регион преку соработка“.

– На патот кон ЕУ, Северна Македонија е особено посветена на регионалната соработка со земјите од Западен Балкан. Патот на соработка не е само мудар избор. Тоа е единствениот правилен избор за земјите од регионот и пошироко во борбата против пандемијата и во нашите напори да ја зајакнеме отпорноста на секој сектор погоден од Ковид-19, нагласи Димитров.

Тој се осврна на финансиската помош од ЕУ во остварувањето на целите на за справување со корона вирусот.

– Инструментите и механизмите за финансиска поддршка од ЕУ за справување со последиците од пандемијата во вредност од 3,3 милијарди евра за поддршка на регионот веќе даваат позитивен ефект како резултат на намалувањето на притисоците на националните буџети, посочи вицепремиерот Димитров.

Тој додаде дека во наредните седум години очекуваме проширена и подобро таргетирана поддршка во рамките на ИПА III, а особено преку приоритетите на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, како и приоритетите на Јадранско-Јонската стратегија со предвидените девет милијарди евра за стимулирање на долгорочното економско закрепнување на регионот, зајакната поврзаност, зелена и дигитална транзиција, човечки капитал, конкурентност и инклузивен раст, зајакнување на регионалната интеграција и конвергенција со ЕУ, кои треба да придонесат за зајакнување на регионот.

На Форумот, меѓу другите, се обратија и еврокомесарите за соседска политика и проширување и за кохезија и реформи, Оливер Вархеји и Елиса Фереира, српската министерка за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ и словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар.

Република Северна Македонија стана дел од Европската стратегија за Јадранско-Јонскиот регион во април 2020 година.

Next Post

„Мој труд, мои права!“, кампања за подигнување на свеста за работничките права

Најново

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026
Фото: Министерство за култура

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk