ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ризик факторите на преголемата изложеност на порнографија кај младите

January 28, 2021 14:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Да се биде онлајн и поврзан е основен дел од секојдневниот живот и односите на децата и младите.
Опсегот на ризици преку интернет што ги доживуваат децата и младите е огромен, на пример, динамиката и распространетоста на интернет-малтретирање, секстирање, експлоататорски односи и врски на интернет… Секоја дискусија за порнографијата и нејзините ефекти врз децата и младите треба да признае дека порнографијата и нејзината потрошувачка се вградени во поширок социокултурен контекст.

Изложеност на порнографија

Децата многу често наидуваат на порнографски слики и содржини, па дури играјќи ја и нивната омилена игра. Некои од тие деца се често вознемирени и често под стрес. Родителите имаат тенденција да ја преценуваат изложеноста на порнографијата кај помалите деца и да го потценуваат степенот на изложеност кај постарите деца, но сепак децата се деца и не треба да бидат изложени на никакви експлицитни фотографии или видеа…

Степенот и фреквенцијата на гледање порнографија се разликуваат по пол, мажите се со поголема веројатност да гледаат порнографија и да го прават тоа често. Ставовите и одговорите на изложеност исто така се разликуваат по пол, при што жените имаат повеќе негативни ставови и одговори како шок или вознемиреност во споредба со мажите, особено кај постарите тинејџери, кои поверојатно порнографијата ја доживуваат како возбудлива и забавна.

Ефектите од изложеноста

Во отсуство на други информации, порнографијата може да биде главниот извор на сексуално образование на една млада личност.

Употребата на порнографија од адолесцентите е поврзана со посилни сексуални ставови (на пример, секс пред брак, секс без обврски). Постојат некои докази дека изложеноста на порнографија може да ја зголеми веројатноста за прерано сексуално искуство за прв пат, особено за оние адолесценти кои консумираат порнографија почесто.

Изопачена слика за вистинскиот секс

Порнографијата влијае на очекувањата на младите личности во врска со сексот, на пример, она што младите мажи очекуваат да го сторат нивните партнери и обратно. И децата од најмала возраст при изложување на порнографија стекнуваат погрешна перцепција за сексот како акт во реалниот живот, со понекогаш не реални очекувања од истиот во понатамошниот живот.

Празнините помеѓу очекувањата и реалноста можат да произведат „сексуална несигурност“ во врска со сексуалните убедувања и вредности и исто така може да бидат поврзани со сексуално незадоволство, вознемиреност и страв. Порнографијата е исто така поврзана и со небезбедни практики на сексуалното здравје, како што се неупотребата на кондоми и небезбеден анален и вагинален секс.

Намалување на изложеноста на порнографија преку интернет и други ризици

Изложеноста на експлицитна содржина на интернет може да предизвика децата и младите да развијат различни „сексуални писмености“ од претходните генерации. Многу влади и невладините служби преземаат чекори за намалување на изложеноста на децата и младите на ризици преку интернет, вклучително и порнографија, и носат стратегии за минимизирање на штетите.

Отворена комуникација

Важно е родителите и старателите да можат да иницираат отворени разговори за искуствата на нивното дете преку Интернет. Училиштата, исто така, треба да играат важна улога во помагањето на децата и младите да ја разберат нивната изложеност на порнографија преку интернет на здрави начини.

 

Изложеноста на порнографија им штети на децата и младите преку нормализирање на сексуалното насилство, создавање нереални очекувања за интимни партнери и врски и зголемување на ризикот од зависност.

 

подготвила:  Марија Миткоска

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk