ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Седницата за пратенички прашања прекината по барање на АА/Алтернатива, продолжува во 13 часот

January 28, 2021 12:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската седница за пратенички прашања само што почна, беше прекината по барање на пратеникот Скендер Реџепи од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, кој имаше забелешка на редоследот на пратеници кои треба да поставуваат пратенички прашања.

Тој го обвини претседателот на Собранието, Талат Џафери дека „ја блокира албанската опозиција“ и побара еден час пауза.

– Претседателот на Собранието цело време е портпарол на ДУИ вршејќи блокада на опозицијата. Претседателот на Собранието треба да биде непристрасен, еднаков за сите пратеници и пратенички групи. Не случајно го информиравме дека денеска пратенички прашања ќе постави претседателот на Алијанса и тој е ставен петти да зборува. Јас, како координатор на пратениката група, сум ставен 13-ти. Нели е ова навредливо – претседател на политичка партија да биде петти, рече Реџепи.

Претседателот на Парламентот, Џафери изјави дека не е предвидено за пратенички прашања да се дава пауза, но по инсистирањето на Реџепи, кој заедно со останатите пратеници од Алијансата за Албанцита и Алтернатива излезе на говорница и најави дека ќе ја блокира работата на Парламентот, даде пауза од еден час.

Џафери појасни дека списокот е надлежност на претседателот на законодавниот дом и оти тоа е децидно кажано во Деловникот за работа. Тој наведе дека е договорено со координаторите на пратеничките групи да доставуваат список на пратеници кои сакаат да постават пратеничко прашање за да се избегне поединичното поднесување на барање за поставување на прашање од страна на секој пратеник.

– Пратеничките групи имаат должност 24 часа пред почетокот на седницата да достават листа на пратеници кои ќе говорат или ќе поставуваат прашања. За да не ги принудуваме пратениците секој поединечно да доставува барање за пратенички прашања, имаме договор тоа да го направи координаторот во име на оние што ќе се пријават  Во предвидениот рок, само ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа листи. Деловникот обврзува рамноправно да бидат застапени пратениците кои ќе поставуваат пратенички прашања во однос 2:1 во корист на опозицијата, а во однос на опозицијата како вкупен број, вие сте застапени со 12 пратеници во однос на 44-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, однос во соодност 3:1, истакна Џафери.

Седницата се очекува да продолжи во 13 часот. Пленарни седници за поставување на пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток во месецот.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk