ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот, никој не оспорува дека за упадот во Собранието на 27 април стои Груевски, рече Русковска

January 30, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Позитивно е што Христијан Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година и СДСМ тоа го поздравува, пишува во реакцијата на СДСМ по откако вечерва во интервју за Канал 5 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предложи да се спроведе електронски попис и ја отфрли идејата за бојкот.

Никој не оспорува дека зад упадот во Собранието на 27 април стои Груевски. Истрагата за него е прекратена, не е запрена, се додека тој не биде достапен на органите, изјави Русковска. Во однос на бегството на Груевски во Унгарија, Русковска истакна дека има информации за целиот настан, но нема докази.

Ја спречуваме неконтролирана сеча на шумите, нелегалната продажба на дрва за огрев, која претставува сериозна закана врз еко-системот и намалување на шумскиот фонд, наведе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил.

Гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, тврдејќи дека сегашната афера со групата на Телеграм „Јавна собра“ говорела за неспособност на МВР, ја извртува вистината  за поголемата способност на Наке Чулев. А вистината е дека минатогодишниот случај „Јавна соба“ сè уште не е расчистен, ниту бил расчистен од тогашното раководство на МВР, без оглед што биле покренати кривични пријави против еден, двајца тројца инволвирани, сеедно, од страна на МВР до Јавното обвинителство.

Земјава ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади. На вебинарот дискутираа директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, поранешниот извршен директор на Start-Up Chile, Себастијан Дијаз Меса, дигигиталниот номад од Канада, Саманта Миките, како и коосновачот на Стартап Македонија, Нина Николиќ.

Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата, објави на Фејсбук американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз.

Жените кои претрпеле сексуално насилство не се жртви, тие се херои, успеале да преживеат, да издржат и да продолжат во животот. Овие жени се симбол за отпор против насилството. Вака звучи пораката на психолозите кои неуморно ја испраќаат до сите жени – борци, кои се соочиле со ваков вид насилство.

По протестот на жителите поради прегазеното девојче во Тетово, полицијата вчера ги засили сообраќајните контроли на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, познат како „Индустриска“ улица, при што се изречени 18 казни.

Општина Карпош ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за ужинки за основците кои посетуваат настава со физичко присуство. На овој начин, велат од Општината, ќе се покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот/старателот. Субвенцијата се однесува на второто полугодие од оваа учебна година, како и за учебната 2021/2022.

 

М. М.
Next Post

Maкедонската компанија Innovation создаде иновативен уред за мерење шеќер во крвта без боцкање

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk