Кумановското дуо кое неодамна се појави на домашната и на интернационалната сцена со своите сингл изданија „Resilience” и „Openness“, штотуку се појави со нов ветувачки сингл насловен „The Noria”, дознаваме од Кумановскимуабети.мк.
„Нашата нова песна „The Noria“ претставува поетска илустрација на несреќите и хендикепот на луѓето кои се раѓаат и раснат во неразвиени држави, нивните аспирации и нивната надеж, како и нивната генерална горчливост и тенденција да се спротивставуваат на системските норми наметнати од новото, модерно хипер-општество.“
„Red-Tailed Healer” или исцелителот со црвени перја за прв пат се појавува со своето прво издание „Openness“ во август 2020та год. како оргинална идеја на Дамјан Милановски – Данска – музички ентузијаст и гитарист на поранешениот кумановски метал состав „Вандал“. Заедно со младата и талентирна пеачка и актерка Ивана Стефановска подоцна го издаваат и нивното второ издание „Resilience” кое успешно се пласира на интернационалната музичка сцена преку дигиталната музичка платформа Spotify.
„Наше задоволство е да создаваме стимулирачка музика која инспирира и го слави внатрешниот трансформативен процес на поединецот во модерното општество. Ние веруваме дека младите луѓе во целиот свет и младите во Македонија знаат за нешто подобро од секојдневно-сервираниот медиокритет на полето на уметноста. Се надеваме дека нашите сизифовски напори ке разбудат искра и желба кај младите да почнат да творат за тоа што е вистинито, со доза на одговорност да создаваат уметност со безвременски квалитет.“