„Над 20.000 членови го ажурирале своето членство за првите 10 дена. Задоволни сме од транспарентноста, демократскиот капацитет и начинот на којшто се реализираа оваа акција, почитувајќи ги сите мерки за заштита на здравјето”, напиша на својот Фејсбук профил Љупчо Николовски.
-Денеска заедно со потпретседателот Оливер Спасовски, во Кочани, го следевме овој процес и поразговараме со граѓаните, членовите и симпатизерите на СДСМ. СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните.Оваа порака им ја упативме и на граѓаните од македонскиот исток и задоволен сум што позитивно гледаат на овие промени во СДСМ, напиша Николовски.
„Благодарни сме на поддршката од граѓаните, тоа е наш мотив да продолжиме по вистинскиот пат на реформи”, стои во статусот.