ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И ивент индустријата бара да биде вклучена во новиот пакет антикризни мерки

February 1, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Точно 11 месеци компаниите кои се занимаваат со организација на настани се соочени со невиден предизвик, каков што не познава модерната меморија, 11 месеци без можност за работа и без остварување приходи, а се уште не се знае кога секторот би почнал со работа.

За жал, индустријата за организација на настани не е доволно препознаена од страна на
Владата, т.е. не се третира соодветно на состојбата во која се наоѓа, реагира денеска Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) и бара нејзино вклучување во петтиот пакет мерки.

Според ИВАП, овој сектор остана невидлив за државата, а мерките што досега ги понуди Владата во претходните пакети за помош се недоволни, ниту соодветни.

Претставници на Асоцијацијата реализирале средба со вицепремиерот Битиќи, но сега очекуваат тоа што било изнесено да се реализира.

-Нашите бизниси се пред колапс. Мерките кои ги понуди Владата во претходните пакети за помош
се недоволни и несоодветни за нашиот сектор бидејќи намалувањето на прометот кај нас е и до
100 проценти. Уште на почетокот на кризата предупредувавме дека сме првите што сме затворени и дека
ќе бидеме последни што ќе може да работат. За жал, нашето предвидување се оствари, а во
земјава навистина нема можност за организирање каков било настан на отворен или затворен
простор. Ова секако не нé погодува само нас организаторите, тука уште многу други дејности
трпат значителни штети заради ситуацијата. Нашата индустрија е комплексна, составена од
повеќе компатибилни дејности кои се поврзани и зависни едни од други. Пандемијата ни покажа
дека не сме разбрани како индустрија, ниту сме доволно видливи за државата, наведува ИВАП.

Асоцијацијата додава и дека доколку Владата итно не насочи помош кон оваа индустрија и јасно не ја вброи во една од најзагрозените, таа навистина ќе смета дека е заборавена од сопствената држава.

-Остваривме средба со господинот Битиќи на која му ја презентиравме комплексноста на нашиот
сектор и секако состојбата во која се наоѓаме. Задоволни сме од приемот, но сега тоа треба да се
претвори и во реална реакција. Иако нашата работа подразбира гласност и многу врева, одлучивме во оваа криза да делуваме одговорно и тивко, со намера да покажеме дека сме конструктивен партнер во борбата против пандемијата. Но, тоа не значи дека треба да бидеме заборавени или игнорирани. Затоа, бараме итно и веднаш да бидеме издвоени како една од најзагрозените дејности од пандемијата, а во претстојниот пакет мерки за помош да бидеме вклучени соодветно на состојбата во која се наоѓаме, стои во соопштението од ИВАП. 

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Законското решение донесено со консензус, се овозможува влез на вакцините за Ковид-19 во земјата

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk