Категорично ги демантираме невистините проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование. Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем, пишува во соопштението на МОН.
„Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Бараме одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието“, се вели во соопштението.
„Од нас за нас“ исто така излегоа со демант упатен кон МОН.
„Категорично ја демантираме министерката Мила Царовска дека шириме невистинити информации на фејсбук. Невистина е дека здружението ОД НАС ЗА НАС „прилепило илустрации на делови од Концепцијата“.
Здружението ОД НАС ЗА НАС нема тенденциозна намера да шири паника и да ја манипулира јавноста туку има за цел да ја информира јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји. Препорачуваме министерот Мила Царовска внимателно да ја прочита целата
објава пред да шири лажни и невистинити информации“, пишува во соопштението на „Од нас за нас“.