ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Поддршка на сите процеси за надминување на системските проблеми

February 1, 2021 20:34
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Даваме целосна поддршка на Државната комисија за спречување корупција, вели вицепремиерот за борба против корупцијата Лупчо Николовски.  ДКСК, вели тој, треба да се зафати со најсериозните предмети за коишто граѓаните очекуваат поддршка, очекуваат разрешница, очекуваат да видат краен епилог.

-Ние сме имале многу состаноци и за софтверот којшто не успеала во минатиот период ДКСК да го набави, а што отвора можност дали на тој начин извршителите, нотарите се заштитени или многу други функционери коишто треба да доставуваат анкетни листови. Меѓутоа, како Влада активно работиме, овозможивме над 48 милиони денари, оваа година триплиран е буџетот на ДКСК и во делот токму на набавката на оваа опрема која што се бара. За разлика од ДКСК ние ниту сме министерство, ние сме само еден мал тим којшто навистина е цврсто фокусиран и коишто ги знае своите цели и којшто оваа 2021 година навистина ќе даде поддршка на сите процеси во коишто треба системските слабости коишто ги има општеството навистина да ги надминеме и да најдеме решение на системските проблеми, рече вечерва Николовски во интервју за ТВ Сител.

Тој укажа дека го истражуваат и анализираат последниот извештај на Транспаренси интернешнл за корупцијата по сите индикатори и методологии.

– Најмалку Љупчо Николовски може да биде крив или Бојан Маричиќ во овој дел на нефункционирањето или невоспоставувањето токму на тие силни механизми што треба да постојат помеѓу сите  институции и проблеми што не биле решени не само со години, туку со децении. И ние токму затоа мислам дека сме ја погодиле целта со самото формирање или поставување од страна на премиерот во самиот владин кабинет на  посебен човек којшто треба да ги олесни работите на институциите, да даде поддршка на регулаторните тела, на самите владини институции се со цел да ја зголемиме таа битка, да ги испорачаме резултатите на граѓаните коишто  ги очекуваат и да се избориме против ова зло кое што е длабоко со децении навлезено во сите пори на општеството, а особено во 11 години од режимот којшто го имавме со ВМРО-ДПМНЕ, рече Николовски.

Дополнително тој истакна дека борбата против корупцијата нема да биде лесна ниту во институците како што се обвинителството и судството.

Во однос на инспекциските надзори  и постапувањето во  актуелната состојба со пандемијата, потсети дека со законски измени сите инспекторати подеднакво имаат можностите да затвораат објекти, да изрекуваат санкции, односно да преземаат брзи и ефикасни дејствија и да даваат резултати. Со ингеренциите коишто им ги дадовме на сите инспекторати ја подобриле  состојбата на терен, редот, дисциплината и почитувањето на мерките и протоколите.

– Јас одев со инспекторите во среде ноќ, давав поддршка насекаде се со цел да ја пратиме таа порака и резултатите денес ги имаме. Ако во октомври имаме 57 кривични пријави за прекршување на овие закони и на мерките и протоколите во декември имаме 28. По сите други показатели покажува дека ја подигнавме многу свеста и одговорноста токму кај оние коишто сакаат да вртат по телефони, коишто сакаат да се спасуваат или слично. Во  ниту еден момент не сме дозволиле да помине каква било ургенција или јавување и слично. Како што кажав, законот мора да важи за сите, изјави Николовски. /МИА/

Next Post

Вечерен преглед: Надминување на сите системски проекти,нема ама, триплиран буџетот на антикорупциска, најважен човечкиот капитал

НАЈНОВО

БМВ планира ривал на Г-Класа за 2029 година

August 14, 2025

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk