ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски – Сугарески: Меѓуинституционалната соработка ќе продолжи и понатаму

February 1, 2021 15:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со новоназначениот директор на Царинската управа, Горан Сугарески, на која беше потврдена успешноста на соработката на двете институции.

Целта на средбата беше унапредување на соработката и на процесите кои Царинската управа ги има со сите институции со кои по надлежност соработува.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на средбата од двете страни била потврдена успешноста на соработката на двете институции која во иднина само ќе се унапредува. Фокусот бил ставен на заедничката борба против организираниот криминал и корупцијата и тековната соработка преку заедничките проекти на полицијата и Царинската управа.

-Нашите институции, кои се позиционирани ‘рамо до рамо’ во своите надлежности и законски обврски во борбата против корупцијата и организираниот криминал, мора интензивно да продолжат со активностите, а резултатите на таа борба ќе бидат резултати на нашата држава во целост, истакнал на средбата министерот Спасовски.

Тој ја аргументирал борбата против криминалот и корупцијата со создавањето на Националниот центар за борба против корупцијата со седиште во МВР, во кој учестуваат сите институции кои имаат надлежности на прогон и истрага за борба против корупцијата, во кој, секако, спаѓа и Царинската управа.-Досегашната добра меѓуинституционална соработка ќе продолжи и понатаму во однос на идните начини за ефикасно преземање на непосредни заеднички активности за заштита на државната граница на Република Северна Македонија, зајакнување на активностите за борба против корупција, спречување и откривање на организиран и други видови криминал, олеснување и забрзување на движењето на стока и патници и поефикасно искористување на расположивите ресурси, посочи директорот Сугарески.
Во однос на сузбивањето на корупцијата и организираниот криминал беше посочено дека Министерството и Царинската управа ќе продолжат со креирање на модерни решенија и техника од кои е исклучен човечкиот фактор, како што е планираното опремување на сите гранични премини за полицијата и царината, со т.н. „боди камери“ и софтверско решение преку кое ќе се надгледува работата и на службениците.
Заеднички и од двете страни се потенцираше дека за успешна борба со организираниот криминал и корупцијата е потребна посилна соработка со Јавното обвинителство, која се очекува да достигне повисоко ниво.
На состанокот се разгледа и планот за отпочнување на неколку големи заеднички проекти во делокругот на постојаната соработка меѓу МВР и Царинската управа, со цел нивна континуирана успешна имплементација.
/МИА/
Next Post

Зибери: Функцијата Народен правобранител не е само декор во системот, туку бедем на заштита на слободите и правата

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk