ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Надминување на сите системски проекти,нема ама, триплиран буџетот на антикорупциска, најважен човечкиот капитал

February 1, 2021 20:56
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Даваме целосна поддршка на Државната комисија за спречување корупција, вели вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.  ДКСК, вели тој, треба да се зафати со најсериозните предмети за коишто граѓаните очекуваат поддршка, очекуваат разрешница, очекуваат да видат краен епилог.

Детално го анализираме  Извештајот на „Транспаренси“. Целосно ја прифаќаме реалноста. Впечатокот на граѓаните е на некој начин и наш впечаток затоа и, не го формиравме министерството како што вели Силјановска, туку делегиравме еден човек, еден мал тим кој ќе биде поддршка на сите институции за да го направиме тоа што не било направено цела деценија, рече вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител посочувајќи дека не години, туку децении наназад корупцијата се провлекувала во обвинителството, судството… како нормално живеење.

Министерот за здравство на Велика Британија Мет Ханкок, денеска истакна дека ширењето на коронавирусот од Јужна Африка мора да се запре со спроведување на масовни тестирања во областите каде е откриен новиот вид, а случаите не се поврзани со патувања во странство на заразените.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа во однос на петтиот пакет мерки и кажа дека сите пакет мерки се донесуваат по исцрпните консултации и за оние кои најмногу им се потребни.

Она пак што сè се испотреска за случајот Јавна соба е приказна за длабока анализа и на „воспитание и на образование“. Најмногу ме болат оние коментари кои осудуваат насилство, ама… Што ама? Не смее да има „ама“ во вакви ситуации. Нема „ама“! Ако во случајот со Јавна соба во фотографиите од младата Ана гледате експлицитни фотографии, тогаш си имате сериозен проблем. За какви експлицитни фотографии зборувате, вие пуританци со прикриени манијакални потенцијали.  Фотографии ли од плажа ви се екслицитни?

Насер Зибери положи заклетва во Собранието за неговата нова позиција како народен правобранител. По заклетвата, Зибери изјави дека фокусот ќе биде ставен на враќање на довербата на граѓаните во оваа институција. Тој рече дека преземената задача ќе ја врши професионално и нема да биде во служба на политиката.

Во Собранието денеска беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата. Изразувам благодарност до пратениците за поддршката и искажаната грижа за колективното здравје, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

 

Next Post

Директорката на Инфективна меѓу новозаразените со ковид-19, од МЗ велат дека нема кластер на скопските клиники

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk