ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: До лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ – демантите ви се ордени, наместо резили

February 3, 2021 17:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Никола Димитров од собраниската говорница се осврна поединечно на секоја од причините што ги наведе ВМРО-ДПМНЕ во барањето за негова одговорност. „Ако навистина сакавте да го адресирате несреќниот развој на настаните кој настана од неевропското однесување на соседот, не требаше да правите токму од клучното прашање дневно-политички перформанси, туку требаше да се издигнете натпартиски и заеднички да настапуваме во она што би сакал да верувам дека ни е заедничка цел – остварување и на втората стратешка цел – отпочнување на пристапните преговори со ЕУ“, ѝ порача тој на опозицијата.

Тој ги обвини, дека наместо тоа, опозицијата продолжила да бара излез од внатрепартискиот хаос преку рушење на Владата и тоа за позиции или одлуки на други држави или меѓународни организации.
„Едвај чекате лоши вести, а кога ги нема, ги измислувате. Малку ви беа демантите од Луксембург, си рековте дајте да ги мобилизираме и Данска и Холандија, со алузија дека дискретно го поддржувале ветото на Софија. За одлуките на трети држави виновна е македонската влада, но ако случајно има добра вест од надвор заслужни сте биле вие“, рече Димитров и додаде: „Па и тоа како да не беше доволно за пасионираните колекционери на деманти на вашите зборови, најдовте начин како и Словачка и Чешка да ве прозиваат дека вие ама баш никако не сте придонеле за нивната одлука да застанат на страната на европските принципи.

Небаре демантите од земјите членки ви се ордени кои ги закачувате во Белата Палата, а не документиран резил од кој секој би се срамел“.

Вицепремиерот и порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека ако не ја сфати сериозноста во која се доведуваат и како личности, но и партијата и земјата, ќе останат само лажни патриоти кои за да дојдат на власт, би застапувале и антимакедонски ставови.

 

Next Post

Попладневен преглед: „Додека жените не се слободни, сите сме заробени“, за што сум обвинет, зошто не испорачав преговори по цена на јазикот и идентитетот? - праша Димитров...

НАЈНОВО

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 14, 2025

Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

August 14, 2025

Фосили во Етиопија откриваат нови видови во еволутивната лоза на човекот

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk