Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Сали Мурати го информирал премиерот Заев за неодамна остварената посета на Турција каде што нашата делегација на Уставниот суд оствари средби со највисоки претставници на уставното право на Турција, како и со претставници на правосудните и политичките институции на оваа земја на кои било разговарано за можната соработка, особено во делот на размената на искуства од работата на судските институции во двете земји.
Јадењето помалку месо може да помогне во намалување на ризикот од пандемија, покрај заштита на животната средина, соопшти во средата Програмата за животна средина на ОН, објавувајќи го новиот извештај на Чатам Хаус (Chatham House).
„Ветувањата за кој нè обвинувате, се ветувања на ЕУ. Пред мене ја имам одлуката од март 2020 година, каде се вели: „Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Република Северна Македонија“, без да има дополнителна страна со услови. За Албанија се вели: „Одлучи да отвори пристапни преговори Република Албанија“, со дополнителна страна со услови кои што нашите пријатели од Тирана ги исполнија, и мислам дека со право оваа година ќе очекуваат отворање на пристапните преговори“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањето дека Преспанскиот договор бил потпишан вон Уставот и Законите.
Ќе ги имаме првите вакцини на Фајзер, потоа оние 200 000 од Кина, а потоа и вакцини преку Ковакс системот. Имавме опструкција од опозицијата при носењето на Законот за лекови, но на крајот успеавме да го донесеме. И при гласањето на овој закон опозицијата сакаше да ќари политички поени. Треба еднаш да сфатат дека мораме да зборуваме, да имаме дијалог, и да мислиме на граѓаните, не на партиите. Ги користиме сите механизми за набавка на вакцините, но тоа е предизвик за цел свет. Останува да се погрижиме што поскоро да стигнат вакцините и кај нас, секако дека имаме контакти. Проблем ни прави тоа што од 2012 до 2015 година, некои од производиелите имале преставништва во Скопје, но заради паралелениот увоз преку криминалот на Груевски, тие фирми заминале од кај нас. И сега ние сме во потешка ситуација и не можеме да ја прогнозираме ситуацијата, туку да се адаптираме. Сето она што СЗО ќе го одобри, добро ќе биде и за нас.“ – изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
На покана на директорот Сугарески, Царинската управа ја посети Јавниот обвинител Љубомир Јовески. На средбата се дискутираше за продлабочување на заедничките напори за истрага и кривично гонење, јакнење на капацитетите и координација на надлежните органи, информираат од Царинска управа.
Во Собранието попладнево продолжи расправата за интрепелацијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски даде еден час пауза на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески по говорот на пратеникот Димитар Апасиев од Левица и контрарепликите што следуваа потоа, а се однесуваа на меѓусебни прозивки за изговарањата на имињата на пратениците.
„Многу е смешно кога ВМРО ДПМНЕ изразува загриженост за пандемијата. Само да се потсетиме, тие од самиот старт на кризата се противат на сите владини мерки и никогаш со сериозност не ја сфатија здравствената, но и економската криза. Тоа е партија која нема политички став за ниту една тема, за ниту едно прашање. Постојано ги повикувам на соработка, да не го блокираат парламентот, да носиме закони, да се грижиме заеднички за здравјето на граѓаните. Јасен е нашито став, од политички аспект може да се одложи пописот ако има реални причини за тоа. После 20 години редно е да направиме попис, да ја видиме демографската состојба, економската, образовната…. Имаме време до април, имаме време да се подготвиме и не гладам причина зошто некоја партија би повикувала на одложување или на бојкот.“- изјави Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
Четврта година по ред, на Санденс, (најголемиот фестивал за независен филм во САД),
присутен е проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Р. С. Македонија. Овој
пат тоа е „Улиште“ кој е во малцинска ко-продукција на македонскиот продуцент
“Црна мачка продукција”.