ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Вулгарности и повици за насилство кон новинарката Тања Милевска, Димитров за Милошоски- човек што речиси секојдневно е демантиран од ЕУ поради шпекулации…

February 4, 2021 12:03
in LIFESTYLE, ON THE HOUR, ZOOM IN

Власта вели дека може да се размислува за попис во мај или јуни, опозицијата бара да се одложи за догодина. Летото знаеме дека попис не се спроведува. Септември е кампања, октомври е изборен период за локалните избори. И да размислиме за месец дена, месец и пол, да завршиме некаде до средината на јуни, веќе гледам опозицијата тоа го одби, така што, да ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот, рече Заев.

Вредноста на петтиот пакет на мерки е меѓу 50 и 60 милиони евра, вели Ковачевски. Според него, доколку претходните пакети мерки беа во насока да ги надоместат загубите на компаниите и да им дадат поддршка да опстојат во време на најголемата криза, овој пакет е повеќе за да се подигне поголема ревитализација и заздравување на стопанството.

Димитров останува Вицепремиер за европски прашања, Собранието ја отфли третата интерпелација. Во неколку наврати, одговарајќи на обвинувањата од опозициските пратеници, кои му ја поднесоа интерпелацијата, Димитров кажа дека се чувствува како пожарникар ставен во позиција да му се правда на пироманот.

Димитров до Милошоски: Станува збор за човек што е демантиран речиси секојдневно од земји-членки на ЕУ поради шпекулации по социјалните медиуми. За Милошоски, кој е претседател на Комисијата за надворешни работи, рече дека станува збор за човек што е демантиран речиси секојдневно од земји-членки на Европската Унија, поради шпекулации по социјалните медиуми.

Царовска: Државната матура е дел од законско решение и јас како министерка морам да ја спроведам. Mинистерката во интервју за МИА, вели дека нема друга опција освен да ја спроведе државната матура, за која вели сите ученици што сакаат да полагаат во рокот ги пријавиле предметите и нема право да им го ускрати тоа право.

Вулгарни навреди и повикување на насилство кон новинарката Тања Милевска. Милевска на својот Фејсбук профил пишува дека ова се само двајца од многуте заканувачи и додава дека ова се случува нон-стоп.

Вакцинацијата ќе почне во февруари со 200.000 кинески вакцини, датумот ќе биде познат деновиве. Првата количина вакцини против Ковид-19, кои ќе пристигнат во земјава во февруари, ќе бидат кинеските вакцини. Целокупниот процес на имунизација, согласно веќе подготвениот систем, ќе го почнеме со тие вакцини, истакна министерот Филипче, кој рече дека прво ќе се вакцинираат сите приоритетни групи.

СЗО: Нерамномерната дистрибуција на вакцините сè уште е закана за економиите.

Во неделата што заврши на 31 јануари, во светот беа пријавени 3,7 милиони нови случаи на коронавирус, што е за 13 отсто помалку од претходната недела, според последниот извештај за состојбата на СЗО за Ковид-19.

И. Т. З. 

Next Post

Преку проектот МСИП реализирани 99 проценти од капиталните инвестиции во 32 општини

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk