ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

С. Македонија и Албанија соработуваат во НАТО-прокет за управување со кризи

February 4, 2021 16:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија во делот на управувањето со кризи в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов е во работна посета на Албанија по повод спроведувањето на обука за НАТО регионални проекти во делот на управување со кризи.

Како што соопшти ЦУК, Ангелов беше придружуван од кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), Урим Вејсели заедно со стручни лица од ЦУК, а од албанска страна на отпочнувањето на обуката присуствуваа заменик министерот за одбрана Петрo Кочи, директорот на Националната агенција за цивилна заштита Хаки Чако и генералниот директор (на Генералниот директорат) на Службата за заштита и спасување од пожар на Албанија, Алфред Кристули.

Станува збор за настан директно поврзан со обуката за веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS) и е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан којшто се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS).

Во своите воведни обраќања, заменик министерот за одбрана и генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита на Албанија, изразија задоволство за спроведувањето и соработката на проектот.

-NICS претставува едно од најсовремените технолошки постигнувања во полето на кризниот менаџмент, а Република Северна Македонија и земјите од регионот (Република Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина) ја имаат можноста и привилегијата во целост да го имплементираат овој систем до крајот на 2021 година. Како алатка за просторно прикажување на податоци во насока на справување со настаните и појавите во реално време, NICS овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу надлежните служби со цел побрзо донесување одлуки за ефикасно справување. Алатката истовремено овозможува целосно и вистинито информирање на медиуите и граѓаните во насока на подигање на свесноста и разбирањето на ризиците, рече Ангелов, во своето воведно обраќање.

Центарот за управување со кризи, како координатор на проектните активности во Република Северна Македонија, има успешна соработка со институциите во земјата кои се дел од проектот, вклучително и со земјите партнери од регионот и пошироко.

 

/МИА/
Next Post

Хелсиншки комитет: Итно и неодложно преземање мерки за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица

НАЈНОВО

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk