Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во посета на компанијата „Порше Македонија“. Во изјавата после посетата Мицкоски покрај другото рече дека целта било да добие навигација и информација за движењето на економијата во државата.
Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски подолг период одбива до комуницира со редакцијата на Фронтлајн и не одговараат на нашите прашања, воедно и заради индикативноста што посетата е токму на компанија која се занимава со дистрибуција и продажба на повеќе автомобилски брендови, прашуваме дали целта на посетата има врска и со набавка на автомобили за потребите на спроведување на протестите што ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати ги најавува?
Д. Е.