Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на денешната прес конференција истакна и дека дијаспората ќе се попишува еден месец пред започнувањето на пописот, односно преку апликација што ќе биде во функција од 1 март. Посочи дека преку оваа апликација ќе се попишуваат лица само што се надвор од државата и таа е со посебни процедури и критериуми, додавајќи оти се работи за исклучително безбедна апликација.
Организација и спроведување на пописот во април, која, како што рече, е објавена во Службен весник и може да се види и на веб страницата на ДЗС.
Собранието на 21 јануари го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Македонија, според кој пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава. Законот гарантира одржување попис според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.