ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кој вели дека не може и поинаку?

Дали некој во последните две-три децении слушнал за некаква афера или скандал – какви било – во кои беше вмешана 66-годишната г-ѓа Меркел, родена хамбуршчанка, лидерката на една од најголемите и најбогати економии и една од најстабилните демократии во светот? Памти ли некој некаква злоупотреба, макар ситна корупција? Да интервенирала негде за некој роднина или пријател? Да добила подарок од некого? Протекција? Со службениот „ауди 8“ да отишла на приватен викенд на некое германско езеро? Да има некоја фирмичка „по дома“ или на некој опскурен остров? Да носела чанта или чевли од 500, 1.000 евра, за таа сума да направила фризура со кратки шишки?

February 5, 2021 08:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

После 16 години на чело на Германија (од 2005 година, при тоа, во четири последователни мандати, и прва канцеларка во историјата на државата), после 18 година на чело на Христијанско-демократската унија (од 2000-2018 година), Ангела Меркел годинава заминува од активната германска политика. Кога пред нешто повеќе од две години се простуваше од своите сопартијци на нивниот тогашен партиски конгрес, аплаузот со кои партиските колеги ја испратија од лидерското место траеше десетина минути, иако Меркел се обиде од бината таа поздравна салва, со видна нелагодност, неколку пати да ја прекине… Според новинските извештаи, многу Германци во истиот момент излегле на своите балкони, тераси и прозорци, придружувајќи се на долгото ракоплескање!

На крајот од минатата година, пак, во едно истражување спроведено на примерок од полнолетни граѓани во 14 европски земји, Меркел суверено го освои првото место во конкуренција со бројни европски и светски колеги, со доверба кај испитаниците од неверојатни 75%.

На сите светски листи на влијание, наназад којзнае колку години, Меркел – доктор на науки од областа на квантната хемија, а покрај германски, говори и руски и англиски јазик – е на самиот врв, мерено и меѓу жените и меѓу мажите. Скромна, цврста, автентична, речиси без суета. Глобална фигура на надеж.

За сите години на власт, Ангела Меркел – да, со годишна плата од околу 250.000 евра – со својот сопруг живее во нормален, приватен стан во Берлин (службениот канцеларски стан од 200 квадрати не го користи), нема вили и државни резиденции, нема домашна послуга или помош, а до пред некоја година поседуваше „голф“ произведен во 1990 (барав по интернет, но не можев да најдам понов податок за тоа дали купиле нов автомобил со сопругот, откако за неколку илјади евра го продале последниот „голф“)… По сопствено неодамнешно признание, сопругот (патем, ова ѝ е втор брак) раководи со машината за перење дома (во ноќни саати, на евтина струја!), а таа пегла, додека на пазарење (пешки) најчесто одат заедно.

Добро, на страна нејзината политика – со сите свои успеси и потфрлања, госпоѓа Меркел директно влегува во историјата на германската, европската и светската политика, рамо до рамо со најголемите авторитети од современата западна цивилизација – зборот ми е нешто друго…

Дали некој во последните две-три децении слушнал за некаква афера или скандал – какви било – во кои беше вмешана 66-годишната г-ѓа Меркел, родена хамбуршчанка, лидерката на една од најголемите и најбогати економии и една од најстабилните демократии во светот? Памти ли некој некаква злоупотреба, макар ситна корупција? Да интервенирала негде за некој роднина или пријател? Да добила подарок од некого? Протекција? Со службениот „ауди 8“ да отишла на приватен викенд на некое германско езеро? Да има некоја фирмичка „по дома“ или на некој опскурен остров? Да носела чанта или чевли од 500, 1.000 евра, за таа сума да направила фризура со кратки шишки? Да се послужила со пари од партијата или да дозволила некој сопартиец тоа да го направи? Да платила преку ред во самопослуга? … Аман, луѓе, нешто?!

Тоа се вика лидерство со личен пример.

Толку за денеска, колку да не се каже дека политиката, во принцип, е валкана работа и дека нема примери на кои можеме да се угледаме.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Ненадејно почина заменикот главен лекар во болницата каде првично се лекуваше Навални

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk