ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис најави дополнителна поддршка за угостителите кои се затворени веќе три месеци

February 5, 2021 16:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Целосно ослободување од плаќањето кирија и за месец март; целосно покривање на  трошоците за платите на вработените што се на принуден одмор; задржување на намалениот ДДВ за кафето и безалкохолните пијалаци до 30 септември 2021 година, што ќе се прошири и на транспортот, театрите, кината, кога ќе почнат со работа, но и на туристичките пакети до декември, се дел од мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ги соопштил на средбата со претставници на угостителите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, како што информираат од неговиот кабинет, додал дека „досегашните намалувања на даноците и придонесите се трајни намалувања“, кои нема да се зголемат по пандемијата, но и дека „дојде време за уште потесна соработка особено за поддршка на угостителскиот сектор“.

-Угостителството во 2019 година оствари вкупен промет од 6,4 милијарди, падна на 4,2 милијарди во 2020 година, односно се намали за 35 отсто, несомнено е многу значително намалување, но не треба да заборавиме дека е секторот што од коронавирусот беше погоден повеќе од било кој друг сектор. Одвоивме речиси две милијарди за угостителство, поточно 1,93 милијарди, рекол Мицотакис.

Како што информираат од кабинетот на грчкиот премиер, на средбата со Мицотакис, дел од угостителите ги споделиле нивните лични искуства, но ги презентирале и нивните предлози.

Сопственичка на семеен бизнис рекла дека во овој момент „угостителството како да е пациент на интензивна нега и потребен е кислород“, а сопственичка на ресторан објаснила дека конкретниот сектор се уште не е заздравен од прекумерно оданочување од изминатите години.

Угостителските објекти во Грција се затворени веќе три месеци, а единствено, дозволено е да работат со достава или со подигање нарачка.

Next Post

Бајден ќе работи на унапредување на човековите права на припадниците на ЛГБТИ заедницата низ целиот свет

НАЈНОВО

Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

November 4, 2025
Фото илустрација: EWB

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk