Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на денешната прес конференција истакна и дека дијаспората ќе се попишува еден месец пред започнувањето на пописот, односно преку апликација што ќе биде во функција од 1 март.
Симовски ги повика граѓаните сериозно да го сфатат пописот, оти тоа е исклучиво за креирање политики во интерес на граѓаните. Новина во овој попис, за разлика од минатиот, Симовски посочи дека ќе биде тоа што операцијата ќе се спроведува преку комбиниран метод, што ќе овозможи високо ниво на квалитет на податоците.
„Реформите требаше да се случат пред десетина години…. Кога велам доцниме, истовремено велам дека и нема да избрзуваме. Првпат во последната деценија во нашата држава се прават реформи на транспарентен начин и вклученост на сите страни, а во најдобар интерес на учениците“, изјави Заев.
Владата и граѓанските организации се заедно во борбата против родово базираното насилство. Родовото и сексуалното насилство не треба да биде неказнето. Ова беше посочено на вчерашната средба во Владата вчера меѓу претставничките на Платформата за родова еднаквост со министрите за внатрешни работи, за правда, за труд и социјална политика и за образование и наука.
Законските измени за недела – ден за неделен одмор, што ги презентиравме денеска, се добра основа за да дојдеме до конечното решение, рече Шахпаска денеска пред членовите на Економско-социјалниот совет.
Академик Ѓоргиев тврди дека новата концепција нуди изучување на историја врз основа на критичко размислување без ширење стереотипи и предрасуди. А професорот Барбареев тврди дека визијата со новата концепција е да се засака учењето, науката, татковината.
Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во посета на компанијата „Порше Македонија“. Во изјавата после посетата Мицкоски покрај другото рече дека целта било да добие навигација и информација за движењето на економијата во државата.
Бајден ќе работи на унапредување на човековите права на припадниците на ЛГБТИ заедницата низ целиот свет.
ФРОНТ:
„Мицкоски барал мерцедеси во порше“- пишува РИБАРО





