ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Симовски ја претстави методологијата за Пописот, порача сите граѓани да учествуваат и да не се даваат лажни податоци

-Граѓаните може само да изгубат ако одбијат да дадат податоци на пописот. Користењето на овие податоци е во функција на граѓаните. Затоа и се носи Закон со којшто се дава обврска да се учествува во пописот, рече Симовски.

February 5, 2021 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска на прес-конференција ја објави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април, која, како што рече, е објавена во Службен весник и може да се види и на веб страницата на ДЗС. Симовски ги повика граѓаните да ја сфатат сериозно оваа статистичка операција и оти тоа исклучиво за креирање политики во интерес на граѓаните.

-Граѓаните може само да изгубат ако одбијат да дадат податоци на пописот. Користењето на овие податоци е во функција на граѓаните. Затоа и се носи Закон со којшто се дава обврска да се учествува во пописот, рече Симовски.

Директорот на ДЗС дециден дека каков било бојкот или одбивање на давање податоци е само на штета на граѓаните.

–Секој оној што ќе се обиде да одбие, да не учествува во пописот си прави штета себе си, и на сите граѓани во државата. Апелирам сите да го прифатат пописот, бидејќи ова е општествено-корисна акција, ова не е во интерес на ниту една политичка структура во државата, туку во интерес на сите грѓани во државата. Податоците од пописот имаат голема употреблива вредност и пред се во правец на развој на општеството, во сите елементи, од економја, образование, здравство, па се до секојдневниот живот на граѓаните, рече Симовски.

Подвлече дека секој податок даден за време на пописот ќе се проверува преку неколку бази на податоци, апелирајќи за веродостојност на информациите кои ќе бидат давани на попишувачите. Симовски рече дека покрај базата на МВР, во која се регистрира влез и излез од државата, ќе се користи и базата од Министерството за здравство, МТСП, УЈП, но и други бази на податоци.

Во однос на политичките изјави за можно одложување на пописот, Симовски истакна дека како Завод за статистика не коментираат политички изјави и оти се водат од Законот за попис, каде што е утврден периодот за спроведување на пописот и сите рокови врзани со пописот и оти тој Закон мора да го почитуваат.

Симовски истакна и дека дијаспората ќе се попишува еден месец пред започнувањето на пописот, односно преку апликација што ќе биде во функција од 1 март. Посочи дека преку оваа апликација ќе се попишуваат лица само што се надвор од државата и таа е со посебни процедури и критериуми, додавајќи оти се работи за исклучително безбедна апликација.

Собранието на 21 јануари го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Македонија, според кој пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава. Законот гарантира одржување попис според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.

Опозицијата останува на ставот дека пописот треба да се одложи за наредната година, или ако се инсистира тој да се одржи пролетва, да се спроведе по електронски пат. ВМРО-ДПМНЕ, формално почна и иницијативата за укинување на Законот за попис. Наспроти барањето на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис, од СДСМ со став дека таков вид на статистичка операција нема да ги даде комплетните податоци какви што се потребни и кои треба да бидат според стандардите на Евростат.

Претседателот на државата Стево Пендаровски неодамна изјави дека според него не би било проблем спроведувањето на оваа статистичка операција да се одложи и да се одржи во мај или јуни, на што завчера и премиерот Зоран Заев изјави дека таквата можност е вредна за разгледување, но, нагласи, само ако станува збор за одложување од еден или два месеца.

Next Post

Сопруг и син приведени поради семејно насилство, во јануари поднесени кривични пријави за 5 сторители има и 23 поплаки

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk