Секој оној што ќе се обиде да одбие, да не учествува во пописот си прави штета себе си, и на сите граѓани во државата. Апелирам сите да го прифатат пописот, бидејќи ова е општествено-корисна акција, ова не е во интерес на ниту една политичка структура во државата, туку во интерес на сите грѓани во државата. Податоците од пописот имаат голема употреблива вредност и пред се во правец на развој на општеството, во сите елементи, од економја, образование, здравство, па се до секојдневниот живот на граѓаните, рече Симовски на денешната прес конференција на која беше презентирана Методологијата за пописот.
„Граѓаните може само да изгубат ако одбијат да дадат податоци на пописот. Користењето на овие податоци е во функција на граѓаните. Затоа и се носи Закон со којшто се дава обврска да се учествува во пописот“, рече Симовски.
Директорот на ДЗС дециден дека каков било бојкот или одбивање на давање податоци е само на штета на граѓаните.