ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата и граѓанските организации се заедно во борбата против родово базираното насилство

February 5, 2021 15:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Илустрација

Фото: Илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

Сите чинители во општеството, од институциите до граѓанските организации треба да се обединат и да бидат единствени во одговорот против сите форми на родово и сексуално насилство врз жени и девојки кои не смеат да останат одмолчени или неказнети.

Ова беше посочено на вчерашната средба во Владата вчера меѓу претставничките на Платформата за родова еднаквост со министрите за внатрешни работи, за правда,  за труд и социјална политика и за образование и наука, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ, Јагода Шахпаска и Мила Царовска.

Претставничките на граѓанскиот сектор, информираат од владината прес-служба, нагласија дека појавите како „Јавна соба“ и другите организирани форми за насилство врз жените и девојките од Јавното обвинителство и согласно Кривичниот законик треба да се третираат како злосторничко здружување, при квалификувањето на делото, но и во понатамошните постапки.

-Владата во целост ја разбира едногласноста во ставовите на претставничките на родовата платформа и ги споделува очекувањата за соодветни казни за организаторите и извршители на овие кривични дела, како и мерки и санкции за оние кои учествувале во непостапување бидејќи „Јавна соба“ и другите форми на родово насилство го напаѓаат достоинството, го загрозуваат правото на приватност и претставуваат повеќекратна дискриминација, порачуваат од владината прес-служба.

Министрите за внатрешни работи и правда, Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, и министерките за труд и социјална политика и за образование и наука, Јагода Шахпаска и Мила Царовска, посочуваат, на средбата споделија став дека Владата и граѓанските организации се на истата страна, на страната на жртвите и дека овој отворен дијалог ќе биде редовна платформа за размена на конкретни предлози за активности и механизми кои ќе ја унапредуваат заштитата на жртвите од родово базирано насилство.

Министерот Спасовски и министерката Шахпаска се согласија дека е неопходно зајакнување на капацитетите на стручните работници во центрите за социјална работа и МВР, преку специјализирани обуки и едукација за справување со родово базираното насилство и поддршка на жртвите, како важни чекори во враќање на довербата на жртвите во институциите. Министерот Спасовски ги адресираше укажувањата околу непостапувања охрабрувајќи ги граѓанските организации да ги пријавуваат во внатрешна контрола полицајците за кои постојат такви сомневања, посочувајќи дека внатрешната контрола постапува неселективно. Министерката Шахпаска истакна дека од буџетот на МТСП се обезбедуваат средства за специјализирани услуги за жртвите согласно нивните индивидуални потреби во кои се вклучени и граѓанските организации.

Министерот Маричиќ истакна дека случајот „Јавна соба“ ги забрзал процесите за носење на потребните законски измени на Кривичниот законик кои ќе овозможат превенција и строга санкција на делата кои се опфаќаат токму со овој случај. Она што го истакна министерот е политичката волја за отворен дијалог со цел поефикасна имплементација на законските решенија. Министерката Царовска истакна дека покрај досегашната работа на законските решенија на различни ресори и моменталниот здружен напор за санкционирање и справување со родово базираното насилство, од суштинска важност е да се посветиме на квалитетна образовна реформа која долгорочно ќе создаде родово сензитивирани генерации.

Заедничка констатација од средбата е дека, освен законската регулатива и превентивните мерки што секоја институција во системот за заштита има обврска да ги преземе со цел елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, посебно важно место има законската обврска за брзо и ефикасно постапување на јавното обвинителство и судовите во изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита.

Во таа насока, потенцираат од владината прес-служба,  од средбата беше упатен апел до обвинителството и судот да постапуваат согласно законските одредби и да ја остварат својата улога да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство. 

Next Post

Заев и Царовска: Креираме македонски автентичен модел на основно образование согласно најдобрите светски искуства

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

Жител на Петровец ја претепал сопругата и ѝ скршил три ребра, ОЈО бара притвор

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk