ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Брнабиќ: Србија единствена земја во светот каде граѓаните може да ја бираат вакцината

February 6, 2021 14:58
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, по повод стоте дена од работата на владата, изјави дека досега се вакцинирани околу 520.000 граѓани и дека Србија е единствената земја во светот каде граѓаните имаат право да изберат која вакцина ќе ја примат, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ посочи дека се отворени две комплетно нови болници во Белград и Крушевац, со повеќе од 1.500 кревети за ковид пациенти .

Таа додаде дека е започната и масовна имунизација на граѓаните и дека Србија е втора земја во Европа во која е стигната вакцината против Ковид-19.

-Како трета земја во Европа, по Велика Британија и Швајцарија, и три дена по ЕУ, почнавме со вакцинирање на нашето население. До денеска вакциниравме околу 520.000 лица, ревакциниравме околу 21.000 и единствена земја во светот сме каде граѓаните можат да ја изберат вакцината, изјави таа.

Говорејќи за борбата против организираниот криминал, Ана Брнабиќ оцени дека владата покажала храброст и решителност, како и дека претседателот Вучиќ ја најавил таа борба и дека владата ја ставила на врвот на својата листа на приоритети.

-Министерството за внатрешни работи, во соработка со БИА, во четвртокот уапси 17 члена на организирана криминална група, која е осомничена за најтешки и најгрозоморни кривични дела, кажа Брнабиќ, оценувајќи дека со апсењето се дава силна и јасна порака: Србија е силна и безбедна земја во која нема заштитени луѓе.

Таа порача дека борбата продолжува, и дека особено ќе се фокусира на оние кои работеле за државата, а ги штителе криминалците.

Во однос на владеењето на правото, Брнабиќ изјави дека во првите сто дена биле направени значителни чекори и дека Владата испратила иницијатива до Собранието за промена на Уставот од областа на правосудството, а Владата усвои акционен план и формирала Работна Групна група за безбедност и заштита на новинарите

Next Post

Фаучи: Вакцинацијата на децата може да почне на лето

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk