Летовите Атина-Скопје повторно по 11 месеци повторно од понеделник, 15 февруари продолжуваат со работа, соопшти грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“.
Според претставувањето на плановите за обнова на линиите со одредени земји од поранешна Југославија, превозникот таму планира да ги врати летовите меѓу Атина и Скопје во следните 10 денови, а ќе се лета два пати неделно со авион од типот „АТР42“.
Воздушната врска помеѓу двата главни градови беше суспендирана на почетокот на пандемијата лани во март.