ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Извештај: Во 2019. зголемен број на констатирани повреди на човекови права во однос на 2018 година

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, потсетија дека со оглед на задоцнетото разгледување на извештајот, поголемиот дел од нотираните предизвици се веќе решени или во тек е соочување со истите.

February 8, 2021 16:42
in МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2019 година има зголемување на бројот на констатирани повреди на човековите права за 5,82 отсто, во однос на 2018-та година. Од друга страна, анализата на податоците во однос на прифатени препораки покажува намалување за 28,25 проценти во споредба со 2018 година кога процентот на прифатени препораки бил 71,89 отсто, се наведува во Извештајот за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2019 година, што беше презентиран на денешната седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според Извештајот, статистиката покажува дека и во 2019-та година проблемите со кои се соочуваа граѓаните во остварувањето на нивните права во глобала остануваат исти, иако се бележи пораст на претставките во областите социјала, здравство и правата на детето.

Како што се наведува во извештајот, и натаму, најмногу поплаки има за работата на извршителите, односно, граѓаните најмногу се жалат дека не биле известени за иницирање на постапките за извршување, заради што биле приморани да платат неколкукратно повеќе средства од она што им се појавувало како долг.

Од областа правосудство, како и во 2018-та година, присутна е пракса на лоша комуникација помеѓу органите на државната управа и управното судство, која е на штета на ефективна правда, па граѓаните и натаму се приморани со години да чекаат на остварување на своите права.

Инклузивноста како основа за вклучување на сите деца во редовниот образовен процес уште на почеток од учебната година ги покажа слабостите, се вели во извештајот, што укажува дека овој процес бара добри и целосни подготовки, а не само носење на нов закон.

Во извештајот се посочува и дека дискриминацијата, по сите основи, но посебно мобингот и натаму е присутна во општеството, а правата од работен однос се прекршуваа особено во Министерството за внатрешни работи, каде се бележат поплаки за незаконски прераспоредувања.

Во извештајната година, народниот правобранител постапувал по вкупно 4.705 претставки, од кои 3.453 од извештајниот период, а останатите 1.252 биле пренесени од претходната година. Од вкупно 4.705 претставки по кои се постапувало во 2019 година, постапката е завршена по 4.225 или во 89,80 отсто случаи, додека по 480 претставки или 10,20 проценти постапката е во тек.

Од вкупно 3.454 предмети по кои постапувал народниот правобранител, во 1.219 или 35,29 отсто случаи биле констатирани повреди на човековите слободи и права на граѓаните.

Претставниците на опозицијата, на седницата посочија дека не постои констатација каде што немаат конструирано забелешки и дека извештајот не ѝ се допаѓа на власта „поради фактот што ги отсликува општествените текови и системот“, кој што, според нив, е во распад.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, потсетија дека со оглед на задоцнетото разгледување на извештајот, поголемиот дел од нотираните предизвици се веќе решени или во тек е соочување со истите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без струја делови од населбите Керамидница, Долно Нерези, Драчево и Дексион

July 11, 2025

Бугарскиот Парламент ќе гласа за недоверба на владата

July 11, 2025

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk