ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општините продолжуваат со праксата на неплаќање на обврските

February 8, 2021 10:56
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во септември 2020 година доспеаните, а неплатени обврски на македонските општини достигнуваат вредност од 63,8 милиони евра, укажуваат од Центарот за економски анализи во новата студија насловена „Јавните финансии на општините и ковид-19 во Северна Македонија“.

„Во текот на 2020 година (заклучно со трет квартал) се зголемиле за дополнителни 10,1 милиони евра што претставува поголема вредност од вредноста на вкупниот јавен долг на општините. Општините индикативно повторно продолжуваат со оваа пракса на неплаќање на обврските кои се значителен ризик врз финансиското работење на општините, но носи и други ризици. Ако дополнително ги додадеме и доспеаните, а обврски на единките кои се финансираат од општините и на јавните претпријатија на општините, овој долг достигнува вредност од 124 милиони евра“, се вели во анализата.

Во неа, се укажува дека финансиското влијание на ковид-19 не ги одминува и општинските финансии и тоа со најголемо влијание врз намалување на сопствените приходи.

Од ЦЕА имаат неколку препораки за надминување на финансиските проблеми во општините.

„Потребно е да се отвори прашањето за успешноста на децентрализацијата во РСМ и тоа преку анализа на сите столбови: доделување на надлежности, приходи, расходи, трансфери и задолжување. ЕЛС треба да ја подобрат комуникацијата со даночните обврзници и да работат кон унапредување на даночното однесување и морал како принцип за добра даночна администрација. Потребно е ЕЛС да го унапредат следењето на работата на јавните претпријатија. Кризата од ковид-19 ги откри и недостатоците во односите меѓу јавните претпријатија и локалните власти. Субвенциите и следењето на квалитетот, обемот и цената на услугите што ги обезбедуваат јавните претпријатија потребно е да станат приоритет за ЕЛС, и да ја искористат можноста за работа кон унапредување на ефикасноста на јавните претпријатија, рационализација на субвенциите и пресметка на трошокот за комуналните услуги и неговата покриеност со утврдената цена за тие услуги“, пишува во анализата.

Се укажува дека општините треба поефикасно да ги планираат и имплементираат системите за управување со кризи.

„Општините во незначителна мера ја користат буџетската резерва која е планирана за вонредни ситуации како што е епидемијата. И покрај буџетираните средства за тековна и постојана резерва, во првите девет месеци општините користат помалку од резервите од претходната година. Од планираните 1,6 милион евра искористени се само 24 отсто односно 0,38 милиони евра“, велат од ЦЕА. /META/

Next Post

Секторот за финансиски услуги во Северна Македонија е подготвен за финтек-трансформација

НАЈНОВО

Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

Европската Комисија објави конкурс од 13,8 милиони евра за прекугранична новинарска соработка и медиумски плурализам

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk