Mинатата година во септември, првостепениот суд го осуди Васил Чорбаџиев на условна казна што предизвика револт кај роднините на жртвите и кај целата јавност.
Случајот во јавноста стана актуелен откако неговата сопруга Наташа Димитриевска почна правна битка откако првично за возачот беше одредена условна казна. Наташа бараше одговорноост и јавната обвинителка Снежана Будалевска Ѓорѓиевска, која според неа, не постапила правилно и по закон.
И Димитриевска на Твитер информира дека Апелација одлучила возачот да одлежи две години во затвор, а добил и забрана 2 години да не смее да управува со патничко моторно возило.