ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОФ бара итно информирање на учениците за матурските испити, и дополнителен термин за полагање

February 10, 2021 10:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младинскиот образовен форум (МОФ) изрази загриженост за процесот на спроведување на државната матура во време на пандемијата, и испрати апел до сите училишта да организираат часови за информирање и подготовка на учениците за матурските испити. Според МОФ, потребен е и дополнителен термин за полагање во текот на месец јули – првично наменет за ученици кои биле спречени да полагаат во јуни.

-Како организација сметаме дека матурата е важен сегмент за заокружување на средното образование и како таков мора да се спроведе квалитетно и промислено. Ова значи дека треба внимателно да се одбере начинот на кој ќе се постапи и да се вложи труд за непречено да се спроведе овој испит во услови и околности предизвикани од вирусот КОВИД-19 и светската пандемија. Клучен приоритет треба да бидат здравјето, безбедноста и информираноста на сите вклучени во процесот на подготовка и полагање: учениците, наставниот и административниот кадар, техничкиот персонал, како и набљудувачите, соопштија од МОФ.

Според организацијата, сериозен фактор кој влијае врз вознемиреноста и предизвикува стрес кај матурантите е чувството дека недостасува поддршка од наставниот кадар во подготовката на матурските испити, но и располагање со сите потребни информации за полагањето на матурските испити.

На учениците, како што посочија во соопштение, им недостасуваат информации за направената скратена програма во содржините потребни за изучување и подготовка на матурскиот испит. Моментално, во сите училишта не е започната подготовка на матурата и недостасува поддршка од страна на наставниот кадар.

Оттука, МОФ апелира во рамки на сите училишта да се организираат часови за информирање и подготовка за матурските испити и да се назначат професори кои ќе бидат контакти за информирање во врска со матурата и кои би биле на располагање на учениците во однос на нивните нејаснотии, прашања, грижи и недостатоци во знаењето и подготовката на материјалот за матурските испити.

 –Надлежните институции се должни да овозможат еднаков пристап на сите ученици при спроведувањето на матурскиот испит и да не ги стави во неповолна позиција учениците кои би биле во евентуална изолација и не би можеле да го полагаат својот матурски испит поради КОВИД-19.

Според МОФ, ограничувањето на матурските испити на два испитни рокови, како што беше практикувано до сега, има недостатоци поради тоа што оневозможува полагање на испитот за учениците кои се заболени, или пак во изолација поради контакт со заболен од КОВИД-19. Доколку се случи ова, според нив, тие ќе мора да го полагаат испитот во испитниот рок во август што значително ги намалува нивните шанси за конкурирање и упис на факултет. Од овие причини предлагаат надлежните институции да предвидат уште еден дополнителен термин за полагање на матурскиот испит, во текот на месец јули кој ќе биде првично наменет за  учениците кои биле спречени да полагаат во јуни. 

–Младински образовен форум ќе продолжи и понатаму будно да го следи процесот на полагање на матурскиот испит како би се овозможило целосна информираност и соодветни услови на матурантите за подготовка на државната матура, се наведува во соопштението на МОФ.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk